Фудбал

Венгер има подобар штоп од вашето скапо засилување

Арсенал попладнево одигра пријателска средба против Сиднеј во Австралија во склоп на подготовките за новата сезона. Венгер таму покажа како ’барата’ со топката, далеку подобро од 75 милиони фунти скапоцениот Лукаку на тренинг во Манчестер.

Најсмешниот твит пред Работнички - Динамо Минск

Работнички вечерва од 18 игра во 2. коло од квалификациите за Лига Европа против белорускиот Динамо Минск. Гостите од Белорусија отседнале во хотел „Русија“ каде ги пречекала интересна агенда но наместо нивно име, стоело име на нивниот ривал од белоруската лига.

Храбриот Вардар носи одличен резултат од Шведска

Фудбалерите на македонскиот шампион Вардар ремизираа 1-1 во првиот меч од 2. квалификациско коло за Лига на шампионите. Одиграа момците на Седлоски смирено, трпеливо и во реваншот ќе имаат крајно позитивен резултат.

Нека се повтори Вандеир

Фудбалерите на Вардар вечерва од 19 ќе играат во квалификациите на Лигата на шампионите против шведскиот Малме на гости пред повеќе од 20.000 гледачи.

Најлошите 20 секунди фудбал во историјата

Квинс Парк Ренџерс - Манчестер Сити, 1993 година во ФА Купот.

Најпознатата фризура во светот на фудбалот - Маруан Фелаини

Иако заработува повеќе од 100 илјади фунти неделно, Белгиецот со мароканско потекло важи за еден од поскромните фудбалери во престижната Премиер лига. Кога не ги практикува Рамазанските пости, дели помош на сиромашните во Мароко.

Реал го платил 24 милиони, а не знае да жонглира

Новото засилување на Кралскиот клуб за кого се скараа комшиите од Мадрид ја зачуди светската јавност откако на промоцијата каде играчите стандардно покажуваат што знаат со топка, таа од него се одбиваше како од дрво.

Како се скараа комшиите од Мадрид

Реал го прекрши џентлменскиот договор со Атлетико Мадрид да не крадат играчи едни од други откако потпиша со левиот бек Тео Ернандез кој од друга страна не доби никаква шанса на „Калдерон“.

Логиката на еден глупак

Знае да биде досадно до коска, ама задржување на времето додека резултатот е во твоја корист е така редовна појава. Време задржуваат и голмани и тренери и деца задолжени за топки. Ама ретко кој како Лукао, играчот на бразилскиот клуб Крисиума кој ги изнервира и судии и противници и навивачи.

Иван де ла Пења - малиот Буда кој беше пречекан како Папа

На копачки со високи крампони едвај достигнуваше 170 сантиметри, но таков талент Ла Масија ретко кога видела во историјата.

Вака ли ги замислуваш своите пет минути слава

Седиш 120’ минути на клупа за резерви и гледаш како твоите гинат во четвртфинале на Светско против Костарика. Ти се брани ти се плаче. Се повредува првиот голман и селекторот те става во игра пред пеналите. А таму... Тим Крул.

Како Меси и Суарез се спремаат за новата сезона

Жонглираат во мал базен и сè е мирно додека децата не почнат да им сметаат па Суарез во еден момент како да вика ’Мрш таму’!

„На 13 години спиев во пижами со боите на Евертон“

Руни се врати во Евертон од каде во 2004-та премина во Манчестер. Низ годините: рекорди, најубав гол во историјата на Премиер, тренер кој го стави во средниот ред, Лига на шампиони, замерки со Боби Чарлтон...

Цукерберг запнал да го купи Тотенхем

Основачот и прв човек на Фејсбук, милијардерот Марк Цукерберг ќе биде шеф на конзорциум на американски инвеститори кои се спремни да ги купат "Мамузите".

Поранешен фудбалер на Манчестер Јунатед стана свештеник

Сме слушнале за фудбалери кои по крајот на кариерата станале бизнисмени, келнери или мајстори, но досега немало случај на познат играч кој решил да стане свештеник.

Тајната на головите на Рамос со глава

Ни самиот веќе не знае колку пати го спасил Реал Мадрид од пораз во финишот или колку пати му донел победа кога судијата веќе зема воздух три пати да свирне за крај. Што е финтата?

После 13 години Леси се враќа дома

Напаѓачот на англиската репрезентација е во спортскиот центар на Евертон каде после медицинските тестови би требало да потпише договор со клубот кој го пушти во етерот на 16 години.

11 години од Зидан - Матераци на Светското

А ќе рече човек како вчера да беше. Зизу го играше последниот фудбалски меч во богатата кариера, а се посрамоти пред целиот свет со неспортски потег. Доби црвен картон во финалето на Мундијалот Франција - Италија.

Човекот кој тргна на фудбалски пат околу Европа

Мет Вокер е 40-годишен статистичар во британското министерство за правда кој земал цела година одмор за да гледа фудбал во земјите за кои слушнал само на час по географија.

Позадината на најважниот гол во кариерата на Пујол

Серхио Рамос не е единствен шпански дефанзивец кој често влетува во шеснаетник и ја куца во клучни моменти. Слична жичка во главата имаше и Карлес Пујол кого го биваше за позиционирање. Тој заедно со Чави и Виља раскажуваат како на полувремето од полуфиналниот дуел против Германија на СП 2010, договарале испробана комбинација од Барселона. Голот постигнат во 73-та минута е вреден финале.

Што не знаеме за големиот Роналдо и драмата пред Мундијалот 1998

„Среќа што Роберто Карлос кој му беше цимер бил присутен во собата кога Роналдо доживеал страшен напад, го голтнал јазикот и се тресел“, вели докторот кој ги проучил сите документи и анализи околу здравствената состојба на Феноменот кој бил приморан да го игра финалето.

Милан најавува кам бек во ЛШ со засилувања од 150 милиони евра

Поминаа шест години од последното Скудето и три сезони гледаа ЛШ на тв. Таква суша за навивачите на Милан е недозволива. Ерата на Берлускони заврши, почна кинеската од која веднаш бараат да го вратат клубот во височините. Летото е до пола, а тие веќе направија полуремонт.

Како се работи во Малме

Најтрофејниот шведски клуб кај кого за пет дена на гости ќе оди Вардар, не е познат само по тоа што му е прв клуб на Златан. Се работи за најбогатиот и најстабилниот клуб во земјата кој раководи многу паметно со парите и има навивачи од кои во нашите простори можат да учат.

Вака почна сè

Јули 2009-та: Кристијано Роналдо во Реал Мадрид за рекорден трансфер од 94 милиони евра. Јули 2017-та: Ла Лига (2), Копа дел Реј (2), Супер Куп на Шпанија (1), Лига на шампиони (3), Супер Куп на Европа (1), Светско клупско првенство (2).