Лихтенштајн нѝ е редовен пациент со кој имаме гол разлика 23:4

И покрај тоа што натпреварот нема ништо да смени на табелата, вечерашниот дуел против аутсајдерот кој има 37.340 жители и се наоѓа на 187-ма позиција на ранг листа на ФИФА, мора да биде лесни три бода и ништо помалку од тоа.

Македонската фудбалска репрезентација вечерва со почеток од 20:45 го игра последниот меч од овој квалификациски циклус.
 
Струмичката публика, а и генерално целата македонска јавноста очекува победа од избраниците на Ангеловски кои во петокот одиграа рамноправен натпревар против една Италија и заслужено се вратија дома непоразени.
 
По долго време, јавноста може и мора да биде задоволна од играта на Македонија во овие квалификации, која конечно ја нагази топката, игра тимски, паметен и течен фудбал без да се оптоварува со противникот.

Скорот од 2 победи, 2 нерешени и 5 порази и 8-те бода кои се надеваме дека вечерва ќе станат 11, не се мерило за тоа што го прикажа составот на Мрме. Сите што ги следеа натпреварите низ овој циклуз ќе се сложат дека на Македонија ѝ недостигаше спортска среќа во некои дуели и заслужи многу повеќе.
 
На фудбалерите треба да им се подаде рака за борбеноста, тимскиот дух и излегувањето од оној беден македонски менталитет “рогни ја што подалеку“, а на Мрме да му се честита за изборот на играчи, склопувањето на тимот, а особено за шансата која им да даде на младинците од У-21 кои летоска испишаа нова фудбалска историја.
 
Пред последната етапа во овие мундијалски квалификации се потсетуваме на резултатите на сите досегашни дуели со Лихтенштајн кој успеал да ни извади само едни реми.
 
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 1998
24 април 1996, Македонија - Лихтенштајн 3:0
Стрелци: Сашо Милошевски, Бобан Бабунски, Срѓан Захариевски

9 ноември 1996, Лихтенштајн - Македонија 1:11
Стрелци: Дејви Главевски (3), Ѓорги Христов (1), Митко Стојковски (2), Тони Мицевски (2), Саша Ќириќ (2), Ванчо Мицевски (1)
 
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2004
8 септември 2002, Лихтенштајн - Македонија 1:1
Стрелец: Ѓорги Христов
7 јуни 2003, Македонија - Лихтенштајн 3:1
Стрелци: Гоце Седлоски, Миле Крстев, Ацо Стојков
 
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2018
24 март 2017, Лихтенштајн - Македонија 0:3
Бобан Николов, Илија Несторовски (2)

ПРИЈАТЕЛСКА
12 ноември 2005, Лихтенштајн - Македонија 1:2
Стрелци: Зоран Балдовалиев, Баже Илијоски