После илјадници гласови од целиот свет, објавена е листа од 10 најубави голови а на крајот таа е скратена на тројца финалисти:
Дејна Кастељанос доаѓа од Венецуела и таа е втората тинејџерка од оваа земја која што стигнала во финалето за престижната награда. Таа е исто и финалист во трката за Најдобра фудбалерка за 2017 според ФИФА.
Нејзиниот неверојатен гол од мечот Венецуела - Камерун на 3. октомври 2016:
Францускиот репрезентативец Оливие Жиру е првиот Французин кој стигнал до финалето за оваа награда (конкурирале головите на 7 Французи досега). Играчот на Арсенал постигна страшен гол ’скорпија’ против Кристал Палас во Премиер лигата ден после Нова година, на 1. јануари 2017:
Оскарин Масулуке е од Јужна Африка и е прв од ’Црниот континент’ кој досепал во финалето за наградата „Пушкаш“. Што е уште поинтересно тој е голман кој на мечот Барока - Орландо Пајртс одигран на 1. ноември 2016 постигна невозможен гол со ножички во последната минута за израмнување: