Таг: гол на сезоната

Избран голот на годината во Полска, Бергкамп треба да го види

Во ноември лани, во 2020-та, на мечот Краковија - Јагиелонија во полската Екстракласа, домаќините славеа со 3-1. Ама во 39' минута од тој меч гостинскиот фудбалер Хесус Имаз даде гол во стилот на холандскиот ас Бергкамп на времето во Арсенал.

Падна голот на годината во Италија - Верде против Лацио

Лацио и Специја одиграа интересен дуел. Домаќинот поведе во 56' минута, а гостите израмнија со страшни „маказици“ на Даниеле Верде во 73' минута. На крај во 89' минута Каиседо од пенал ги постави конечните 2-1. Ама да се вратиме на ножичкиве. Спектакл.

Кандидати за најубав гол на сезоната во Лига на шампиони 19/20

УЕФА објави список на претенденти за најдобар гол на сезоната во елитното натпреварување кое заслужено го освои Баерн Минхен со рекордни 11 победи. Тука се Даглас Коста, Роналдо, Гнабри, Холанд, Лаутаро, Корне, Суарез, Олмо, Куадрадо. Кој од кој поубав гол

Ремек делото на Барди прогласено за број 1 на сезоната

Ла Лига ги објави петте најјаки голчишта од слободен удар за сезоната 2018/2019. Сите се евроголови, ама има само еден победник кој се вика Енис Барди. Во сенка го стави и Меси кој држи трето место. Браво мајсториште.

Турците го избраа голот на сезоната

Колегата на Елмас, Хасан Али Калдарим го доби признанието за најубав гол на сезоната 2018/2019 во турскиот фудбалски шампионат. Се работи за левица испукана како од топ со која му израмни на Бешикташ на 3:3. Џабе се џиткаше голманот.

Да пробаме без да тапне

Шкотскиот второлигаш Данди Јунајтед изведе акција која многу, ама многу ретко се гледа во фудбалот. Треба да те бива за ова, ама и да ти се потрефи. Голманот дегажираше, а триото во напад не дозволи топката да падне, па дури фрчеа петици и волеј на прва. Гол на сезоната во Шкотска, без конкуренција.

Едно убаво голче

Не знаеме ни кој е, ни од каде е, ама дечково треба да конкурира за најубав гол на годината во изборот на ФИФА и да ја добие наградата „Ференц Пушкаш“.

Ман.Сити го прими голот на сезоната во Премиер лига

Готово е, трката за најдобар гол на колото, месецот и сезоната може да заврши. Манчестер Сити неочекувано денеска загуби на домашен терен од Кристал Палас со 2:3, а лудилото од волеј го даде Андрос Таусенд за 1:2.

На Салах му требаат вреќи за да ги прибере сите награди

Кога играч во една сезона ќе добие 34 признанија и награди, тоа значи дека е апсолутно најдобар.

Во Египет веројатно падна голот на сезоната

На мечот Ал Итихад - Енпи од египетското првенство кој заврши 1-1, домаќините поведоа со неверојатниот гол на Калед во 63’ минута. Сигурно влегува во најтесен избор за гол на сезоната.

Избрани кандидатите за најубав гол на годината

Финалисти во трката за наградата „Пушкаш“ која што ФИФА му ја доделува на тој што ќе го даде најубавиот гол на сезоната се: Дејна Кастељанос, Жиру и Масулуке.

Најубавиот гол во ЛШ за сезона 2016/2017

Читателите и посетителите на сајтот на УЕФА го избраа најдобриот гол на сезоната во Лига на шампиони. Реал Мадрид во финалето го совлада Јувентус со 4:1, а италијанскиот првак го постигна најубавиот гол кој е дело на Марио Манџукиќ.

ФИФА затворај конкурс, голот на сезоната падна во Америка

Во 30’ минута од средбата Оклахома Сити - Сакраменто напаѓачот на домаќините Мигел Санчез направи нереален потег по лудата асистенција од соиграчот.

Гол на сезоната во Чемпионшип

Норвич во саботата со 5-1 го декласираше Нотингем, а првиот гол на Хоусон во 10. минута беше ремек дело какво не сме виделе сезонава во Англија.