На Салах му требаат вреќи за да ги прибере сите награди

Кога играч во една сезона ќе добие 34 признанија и награди, тоа значи дека е апсолутно најдобар.

Играч на неделата во Лига на шампиони - 3 пати

Мохамед Салах сезонава во Лига на шампиони веќе постигна дури 10 гола како лидер на најопасното напаѓачко трио во историјата на овој елитен турнир. Затоа три пати го наградуваа како играч на неделата во ЛШ: Еднаш во групна фаза (по страшните 7:0 против Марибор) и два пати во нокаут фаза (после 3:0 против Манчестер Сити и 5:2 против Рома).

Најубав гол на неделата во ЛШ - 2 пати

Салах доби две убави признанија за маестралните голови - прво против Сити на гости а после за домашниот меч со Рома.

Најдобар играч на месецот во Премиер лига - 3 пати

Ноември, февруари, март. Никој никогаш во историјата не ја освоил оваа награда три пати во една сезона што само по себе кажува како играше Салах во Премиер.

Играч на месецот во Ливерпул - 7 пати

Ова веќе не е смешно. Ова е чудесно - можеби не требало да има ниту гласање.

Најубав гол на месецот во Ливерпул - 6 пати

Практично Мохамед Салах сезонава се изнадава толку убави голови што од клубот решиле малку да прошараат со другите играчи да не се почуствуваат запоставени.

На фотографијава долу е генијалниот гол во декемвриското дерби против Евертон (1:1). Топката во подалечниот агол.

Играч на месецот во избор на Здружението на професионални фудбалери во Англија - 4 пати

Играч на годината според Здружението на професионални фудбалери во Англија

Пред Салах оваа награда ја освојуваа Нголо Канте (2016/2017), Ријад Марез (2015/2016), Еден Азар (2014/2015) и Луис Суарез (2013/2014).

Играч на годината во избор на навивачите на Ливерпул

Играч на годината во избор на соиграчите

Со 44 гола и 16 асистенции на сите натпреварувња - кој друг би влегувал во избор?

Најдобар играч во цела Африка

Во својата татковина Салах е полубог, фараон. Го однесе Египет на Светското првенство и стана првиот Египќанин после 34 години кого го избраа за најдобар фудбалер на Африка.

Најдобар фудбалер во Премиер лига во избор на британските новинари

Најдобар играч во Африка според верзијата на BBC.

Уште една мошне престижна премија

Играч на годината во Премиер лига

Оваа награда Премиер ја доделува во соработка со играта FIFA - EA Sports. Без проблем Мохамед го победи конкурентот Кевин Де Брујне во поените.

Најдобар арапски фудбалер на годината

Во тимот на сезоната во Премиер лига во избор на Здружението на професионални фудбалери

Награда за најдобар стрелец во Премиер лигата

32 гола - уште никој не постигнал толку многу голови во Премиер. Мохамед ги надмина Алан Ширер, Кристијано Роналдо и Луис Суарез (сите по 31 гол во една сезона).

Мо постигнуваше гол против 17 екипи во Премиер - учинок кој никој го немал во една сезона.

ПС: Да додадеме дека наскоро Салах ќе игра на Светското 2018 летово во Русија па ништо чудно и да ја едитираме статијава.