1. На Европското првенство 2016 во Франција отпатуваа околу 30.000 Исланѓани што е 10% од населението на земјата. Таква масовна посета немало во историјата на Европските првенства кои првпат се организираат од 1960 година. Отидоа на Европско повеќе отколку што имаше Англичани.
Видео со викингшкиот поздрав:
2. Решавачкиот меч од групната фаза на Европското 2016 против Австрија го гледале 99,8% од луѓето кои останале на Исланд.
3. Тој натпревар го пренесуваше неверојатниот коментатор којшто го имаше највеличествениот перформанс во историјата на исландската телевизија кога со засипнат глас го славеше вториот гол во судиското продолжение за (2-1) и историски пласман во осминафиналето.
Интересно овој коментатор кој ги коментира сите натпревари на репрезентацијата на Исланд е професионалниот тренер Гудмундур Бенедиктсон кој по пласманот во нокаут-фазата на Европското брзо се вратил во татковината да го води својот клуб Рејкјавик во домашното првенство. Кога се врати во Франција, Исланд направи ново чудо во осминафиналето против Англија.
4. Во репрезентацијата на Исланд има многу харизматични херои. На пример голманот Ханес Халдерсон (тој е прв голман), професионално се занимава со режија и снимање хорор филмови и реклами. Тој бил главна улога во рекламите за IKEA, за Coca-Cola, за авиокомпанијата Icelandair и други крупни брендови.
„Кога Ханес имаше 19 па 20 години тој заврши со играњето фудбал затоа што никако не можеше да си најде клуб. Едно време бранеше во третата лига на Исланд но таму му рекле: веќе имаме два голмани, не ни треба трет. Тој разочаран престана да игра но тренираше и паралелно учеше режија“, објаснува селекторот на репрезентацијата на Исланд Хејмир Халгримсон.
5. Капитенот на репрезентацијата на Исланд Арон Гунарсон до 15 години се занимавал со ракомет па дури и дебитирал во сениорското првенство. Но потоа и се вратил на големата љубов - фудбалот и на 22 години станал капитен на репрезентацијата. Многу е лесно да се препознае затоа што има фантастични тетоважи од кои се издвојува онаа со знамето на Исланд и митолошки прикази на грбот и бројот 603 (број на неговиот роден град Акуреири), како и нацртана црквата од родниот град на десната рака.
6. Селектор на Исланд е Хејмир Халгримсон којшто до минатата година имал редовна работа како забар, стоматолог и поправал заби на малиот остров Хејмајеј на југот од Исланд каде живеат околу 4.000 жители а последното убиство се случило пред 20 години. Денес тој поретко доаѓа во стоматолошкиот кабинет поради познатите обврски.
„Да се биде селектор на Исланд е аматерска работа. Да, ти плаќаат пари но разликата во платата на забар и селектор е отприлика два пати поголема“, одговорил Халгримсон во едно интервју.
7. На Исланд има мошне емотивен однос меѓу репрезентацијата и навивачите. На пример традиција е селекторот пред некој натпревар да се сретне со навивачите и да им раскаже се за стартниот состав и изборот на тактика. Без разлика дали е клуб од прва, втора или трета лига и репрезентацијата, главниот тренер или асистентот се должни да се сретнат со навивачите.
Во репрезентацијата на Исланд таа традиција трае повеќе од 4 години, а средбите се одржуваат во бар. „Ние имаме строги правила со навивачите: без медиуми, без фотографи и без видеоснимки од тие средби пред натпреварите“, велат учесниците на ваквите настани.
И никој никогаш во историјата не пратил кај медиумите некоја фотографија или издал нешто за што е зборено во барот.
8. Пред пет години Исланд беше 131. место на рејтингот на ФИФА. Денес се 22-ри.
9. Феноменалните резултати дошле благодарение на психолошките тренинзи на кои им пуштаат мотивациони видеа: „Обично гледаме клипови со играта на секој играч посебно на последните мечеви: дали даден гол или асистенција или шут од далечина. Секој играч има по пет секунди. Музиката се разликува: од метал до нешто спокојно и мирно. Тоа е стандардна процедура.
„Но пред вториот меч од групната фаза на ЕП 2016 против Унгарија, немавме таква пракса, туку тајно ги контактиравме роднините на секој играч и ги замоливме да ни пратат фотографија на која ќе напишат желба и поздрав до играчот. Како резултат на тоа направивме многу емотивно видео со фотографии од сопругите, децата, родителите, комшиите кои држеа фотографии со лични пораки во рака. Проекцијата на сите слајдови одеше со бавна сентиментална музика. Пред да им го покажам на играчите јас го гледав видеото пет пати и пет пати плачев“, раскажува селекторот на најмалата земја во историјата која ќе игра Мундијал.
10. Подемот на исландскиот фудбал е поврзан директно со револуцијата во сите етапи на подготовки. До почетокот на ’2000-те младите фудбалери во Исланд тренирале со родителите па како 10-годишни оделе кај тренери кои имале официјална лиценца А или Б.
Денес такви има 848 или по еден професионален тренер на 389 Исланѓани. Главна исландска иновација е Фудбалскиот дом каде може да се игра цела година (иако повеќе од 6 месеци е студено и има снегови). Тоа е стандарден терен под балон, со вештачка трева, трибини и медицински персонал.
Првата ваква мини-арена се појавила на почетокот на ’2000-те кога ја направиле чиновникот на исландската фудбалска федерација Гејр Торстејнсон и неговиот колега, ѕвездата на Штутгарт од ’80-те Осгејр Сигурвинсон. А кога економскиот подем на Исланд испровоцирал и достапни кредити и финансиски бум во земјата се појавиле 10 такви фудбалски домови за сите генерации.
Во Исланд има 30 големи фудбалски терени и 150 помали. Неодамна се појави вест дека има 20.000 регистрирани фудбалери.