Фудбал

Како изгледа фудбалот на крајниот север

Во Норвешка започна новата сезона, а фудбалските екипи од крајниот север ги пречекуваат гостите со студ, снег и мраз. Далеку на северот има град со два клуба, еден прволигаш и еден второлигаш.

Нереално промашување празен гол

Напаѓачот на Абердин Мајлс Стори е последниот фудбалер кој застана во редот за наградата „Најголемо промашување на сезоната“ со тоа што веќе е влезен и во трка за промашување на векот.

Темната страна на стадионот Олимпико во Рим

Славниот стадион е добро познат по тоа што е дом на Лацио и Рома кои два пати во сезоната бијат битки како едни од најголемите ривали во фудбалот. Зад оваа спортска арена се крие приказна во која главен лик е Бенито Мусолини кој денеска има оставено големи траги на тоа место..

Турски туризам за реанимација на кариерата на Марио Гомез

Ретко кој фудбалер може да се пофали со достојно враќање од турскиот фудбал каде ѕвездите најчесто одат пред крај на кариерата или за богати договори. Марио Гомез докажа дека Турција знае да послужи и за ожживување на формата.

Варди сакал да работи на Ибица и да батали фудбал

Тренерот на Лестер, Крег Шекспир откри дека репрезентативецот на Англија во еден момент размислувал да престане да игра фудбал затоа што слабо му одело и да оди да работи во ноќните клубови на Ибица.

Најштосната измама со голман еден на еден

Шваѓанецот Јеспер Блумквист кој пред да заигра за Милан, Парма и Манчестер Јунајтед во периодот од 1996-та до 2001-ва, како играч на Гетеборг на дуелот против Хелсинборг му ја направи најдобрата финта на голманот која се нема повторено и тешко дека ќе се повтори во фудбалот.

Бордо го испрати во пензија омилениот претседател кој палеше бакљи

Претседателот на францускиот Бордо, Жан-Луј Трио објави дека се повлекува од фудбалот и дека ќе ужива во пензијата во живописниот Шатобелер на Карибите. За 21 година Трио со клубот поминал трнлив пат од длабока јама до четвртфинале на Лига на шампиони.

Како да се заљубиш во Нејмар за 5 минути

Најголемиот проблем што бразилскиот виртуоз со топката нема освоено Златна топка е што игра фудбал во време на Меси и Роналдо. Но како тргнал се очекува за некоја година да го крене во раце тоа признание. Има 25 години, многу созреа како играч, а бројките зад негово име се импресивни.

Барселона Б победила 12:0, противникот го местел резултатот?

Вториот тим на Барселона во моментов е прв во третата шпанска лига Сегунда дивизион група 3. Минатиот викенд играле против убедливо последниот Елденсе и славеле 12:0 но противнички фудбалер открил дека негови соиграчи го „штелале“ резултатот.

Месец март прераскажан во 3 фудбалски минути

Лудоријата на Депај од пола терен, историската завршница на Барса, голчиштето на Гризман, начинот на кој се пензионираше Подолски од репрезентација и уште неколку јаки моменти се дел од оваа одлична скоцкана компилација на најдобрите фудбалски моменти изминатиот месец.

Икарди и Брозовиќ трагичари број 1 против Сампдорија

Фудбалерите на Интер направија голем кикс на домашен терен и загубија од Сампдорија 1:2. Грешките дефинитивно треба да си ги бараат во своите редови бидејќи направија два глупави потези клучни за пораз кои ги оддалечува од Европа.

Подиумот на кој се качи златна Италија завршил на отпад

Дали ги потсеќало на загубеното полуфинале од Италијанците или се работи за случајност, подиумот на којшто со златниот пехар стоеше Светскиот шампион од 2006-та завршил во некој парк во Берлин.

Со Пирло нема излегување на крај

Стара реклама на Најк со докторот за изведување на слободни удари. Вие само збирајте се на жив ѕид, ама не заборавајте дека пред себе го имате човекот за кој секој слободен удар е пола пенал.

Зошто фудбалот на улица кога бевме деца имаше посебен драж

Сите вие кои го фативте времето кога се правеше компанија кој со кој да игра во маало, кога со патики меревме дали двата гола се исти и кога после играње викавме прва жичка за водичка, сигурно сте го доживеале ова искуство поделено во 15 точки.

Како Руни му кажа добредојде на Роналдо

Кристијано Роналдо стапна во Премиер лигата во сезоната 2003/2004, кога Вејн Руни уште не му беше соиграч. Тогаш беа на почеток на кариера и имаа по околу 18 години. Нивното запознавање воопшто не беше пријатно за Роналдо.

Бетмен, Спајдермен и проблематичната маска на Обамејанг

Убаво прославуваше голови со познатите маски, што му требаше да ги менува и да си направи непотребен проблем поради кој Дортмунд го казни 50.000 евра.

Дриблинг на сезоната во рускиот фудбал

ЦСКА Москва со 2:0 ја победи Крилја Совјетов а моментот кој долго ќе се врти по најавните шпици го направи Бразилецот Витињо.

Уметноста на Пикси против Милан на Сан Сиро

Пред 50.000 навивачи на Сан Сиро, младиот Драган Стојковиќ-Пикси ja зема топката од половина терен и си поигрува со великаните Паоло Малдини, Мауро Тасоти и Франко Барези. Тоа беше првиот дуел од двомечот меѓу Милан и Црвена звезда во Купот на Европски шампиони 1988/99 година. Во Милано заврши 1-1 а во Белград Руд Гулит и Ван Бастен од пораз ги спаси густата магла.

Собирал шишиња во Еквадор, па стана омилен играч на „Олд Трафорд“

Кога добил фудбалски повик да се пресели во престолнината Кито, мајка му и брат му собрале пари за автобуска карта, а татко му неколку дена не знаел каде е син му и го барал за да му помага со шишињата.

Од чамец за мигранти до Серија А против Милан

Патот на мигрантите често го викаат пат на надежта, пат во потрага по сон кој за жал често се претора во кошмар. По тој пат тргнал и 17-годишниот Сенегалец Мамаду Кулибали.

Колку пари заработи Реал Мадрид благодарение на головите на Рамос

Од финалето во Супер купот против Севиља во август минатата година па се до овој месец, Серхио Рамос го извади Реал Мадрид осум пати, но тоа го прави веќе неколку сезони, а да не беа неговите голови Кралевите ќе имаа и помалку трофеи и помалку пари во каса.

Како шутира слободен удар репрезентативец на Курасао

Се работи за Брендли Кувас кој е член на островот кој се наоѓа над Венецуела и кој сè уште е над нас на ранг листата на ФИФА. Член е на Хераклес кој славеше 4:1 над Херенвен и го постигна голот на колото во Холандија, па и во Европа. .

Најзбунетиот линиски судија

Кога фудбалерот кој се наоѓа во офсајд позиција ќе добие топка од противнички играч без разлика дали е тоа по грешка или намерно, тоа не е офсајд. Тоа го знаеме сите кои пратиме фудбал, а да не збориме за луѓето кои се платени за да пазат на тие правила. Што ли се случи со концентрацијата на судијава на мечот Спарта Ротердам - ПСВ?