Кордоба: Интер беше ограбен во 2002-ра

Последното коло од сезоната 2001/2002 во Серија А е незаборавно за навивачите на Јувентус и Интер. Првиве речиси и да не веруваа во сценариото кое ги остави вториве во солзи и неверување дека можно е таков тим на Интер да направи кикс.

На тој незаборавен 5 мај 2002-ва, Интер во последното коло влезе со предност од 1 бода пред Јувентус и 2 пред шампионот Рома. Но на стадионот Олимпико во Рим беа шокирани со 4:2 од Лацио кој не бркаше ништо.
 
Јувентус истовремено победи на гости против Удинезе и си ја обезбеди титулата. Стоперот на Интер од тоа време, Иван Кордоба признава дека сами се криви, но смета дека приказната ќе била поинаква ако на другиот меч не се случило тоа за што го информирале.
„Сами го испуштивме тој 5-ти мај, иако во мојата глава се врти еден проблем. Сеќавањето е освежено и се работи последователни инциденти поддржани со факти. Во меѓувреме се играше Удинезе - Јувентус. По тој натпревар еден од моите соиграчи од репрезентација дојде кај мене и ми кажа дека четворица стартери биле испратени на трибина без причина. Ние не победивме бидејќи немавме моќ. Тоа беше во наши раце. Но ако немаше други инциденти тоа ќе беше сосема поинаква приказна“.

Кордова зборува и за скандалот Калчополи со кој Јуве беше исфрлен во Серија Б, а со казни се соочија и Милан, Лацио, Фиорентина и Реџина.
„Се чини дека поради тоа што Интер предизвика такво нешто, тие мораа да бидат виновни за трагедијата на италијанскиот фудбал. Она што се случи во тие години треба да биде срам за целиот италијански фудбал. Да знаеш дека ќе гледаш натпревар, а други веќе знаат како ќе заврши е нешто што не смее да постои. Не можеме да го заборавиме тоа или луѓето ќе се вратат на истото. Мора да се сеќаваш на тоа и да разговараш, бидејќи ако не постои како муабет тогаш може да се преправаш дека никогаш не постоел“.
Во 2011-та година Интер беше обвинет дека во ерата на Калчополи влијаел на судиите, но не можеше да се поведе судска постапка поради истекот на статутот на ограничувања.
 
Претседателот Масимо Морати ги негираше тие тврдења и наводите ги нарече навредливи и глупави.
6 октомври 2017 - 13:04