Аргентина - Перу 0:0 или поточно по кој знае кој пат нов срам за Гаучосите кои никако не се пронајдоа во овие за нив мачни квалификации кои сигурно едвај чекаат да завршат. Ама ако завршат како што не треба, ќе јадат заушки и од јавноста и од медиумите.
Аргентина во овој квалификациски циклус за СП 2018 има скор од 6 победи, 7 нерешени и 4 порази и замислете бедни 16 постигнати гола на 17 натпревари. Не успеаа да победат една Венецуела која е на дното на табелата. На две средби со нив освоија два бода. Загубија и од Боливија на гости која е претпоследна и единствена селекција која има постигнато помалку голови од Аргентина.
Дома киксираа со Еквадор 0:2, третата селекција на табела гледајќи од долу нагоре, како и со Парагвај. Нивните киксеви се многу во овие квалификации и за да се исперат од срамот им остана уште една последна шанса.
Во последното коло на 11 октомври играат на гости со Еквадор и мора да бркаат победа за да патуваат на Мундијалот во Русија. Само нека бидат внимателни бидејќи дома со нив воопшто не поминаа добро.
Од јужно американските селекции 4 одат директно, а петтата игра бараж. Ситуацијата на табелата е замрсена и само Бразил и Уругвај се сигурни. Математички во игра се Чиле, Колумбија, Перу, Аргентина и Парагвај. Две од овие репрезентации остануваат дома.
11 октомври - последно коло:
Бразил - Чиле
Еквадор - Аргентина
Перу - Колумбија
Уругвај - Боливија
Парагвај - Венецуела
Ова се сите пропуштени шанси на Аргентина против Перу која и при вкупно 13 шутеви од кои 7 во рамки на гол, не успеа да ја затресе мрежата. Што е со вас момци?