Најслаткиот пласман на Мундијалот во Русија го оствари Египет

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах и ги донесе најубавите и највеселите фудбалски моменти на својата земја во последните три децении. Го однесе Египет на Светско со пенал во последни секунди. Селектор им е Хектор Купер кој ќе биде награден со половина милион долари.

Во стилот на Костарика и селекцијата на Египет успеа да стигне до светскиот собир во Русија со гол во 95-та минута. Херој на пласманот е Фараонот, Мохамед Салах кој постигна два гола на мечот против Конго кој заврши 2:1.
 
Египет имаше водство од 1:0 со гол во 63-та минута, а драмата настана на 3 минути до крајот на регуларните 90 кога Арнолд Мука израмни на 1:1.

За крајот да биде уште подраматичен, во 4-та минута од судиското продолжение за домаќините беше досуден пенал кој го реализираше Салах за лудница на стадионот кој крцаше со 86.000 луѓе.
 
Звездата на европскиот фудбал кој играше за Челси, Фиорентина, Рома, а сега е член на Ливерпул го носи Египет на Светско по пауза од 28 години. Ова ќе биде трето нивно учество, единствените две им се во 1934-та и 1990-та.

Египет во последните три декади четири пати го освојуваше Африканскиот Куп на Нации (1998, 2006, 2008, 2010), но никако не успеавше во тој период да обезбеди пласман на некое Светско првенство.

Египѓаните вечно ќе го паметат историскиот пенал на херојот Салах кој на 56 репрезентативни настапи има постигнато 32 гола, а само на последните 18 меча успеа да даде 15 гола.

Секој играч на Египет за овој огромен успех ќе добие награда од 83.000 долари, а федерацијата ќе го награди селекторот Купер со 500.000 долари.
 
1:0

1:1

2:1

Славје

9 октомври 2017 - 10:04