Панама стигна до првиот Мундијал со непостоечки гол

Најскандалозниот пласман на Светското првенство во Русија го обезбеди селекцијата на Панама која испиша фудбалска историја со погодок кој не ја мина гол линијата. САД се избламира со аутсајдер и по 32 години остана без учество.

На листата на дебитанти на Светските првенства, се приклучува и репрезентацијата на Панама за која можеби и треба да се почека да не има жалби до највисоките фудбалски тела за начинот на кој ја извадија визата за Русија.
 
Панама направи пресврт на дуелот против Коста Рика која го совлада со 2:1 и со тоа изби на третата позиција на табелата во квалификацискиот циклус во Средна и Северна Америка, која носи директен пласман.
 
Тотално дискутабилен е моментот во 53-та минута кога домаќините го израмнија резултатот со гол од корнер по кој видео технологијата ја немаше, а коментаторите иронично се смееја.

Селекцијата на САД сама си е виновна што ќе го гледа Мундијалот на тв, бидејќи имаше лесна задача против отпишаниот Тринидад и Тобаго и со триумф ќе беше на табела два бода пред Панама. Но Американците сосема неочекувано загубија 2:1.

Регуларна или не, победата на Панама е историска и ја внесе земјата во транс која го слави првото учество на Мундијалите.
 
Вака се славеше на терен
 
А луѓето на улица се возеа во гепек.
 
 
Земјата која се наоѓа на 60-та позиција на ранг листата на ФИФА доби нов национален празник.
11 октомври 2017 - 09:34