Фудбал

За луѓето да не паѓаат во искушение, Шпанија забрани реклами на казина и кладилници

Додуше рекламирање букмејкери и казина е дозволено од 01:00 до 05:00 на полноќ, но слабо фајде ќе имаат клубовите кои веќе почнуваат со Ла Лига и кои зависат од парите од овие спонзори.

Меси е истиот, да не го мислите

Секој искрен љубител на фудбалот ќе признае дека за време на глобалната пандемија кога немаше ни с од спорт, му фалеа мајсториите на Аргентинецот. Лео ќе го гледаме за некој ден, на мечот Мајорка - Барселона во сабота од 22:00 (без публика).

Грците го избраа Тони Савевски пред Ривалдо

Да, тоа што го читате во наслов звучи неверојатно, ама е вистинито. Познатиот битолчанец многу повеќе ги освои срцата на грчките навивачи, отколку светски познатиот бразилец. Заслужено, бидејќи Тони е легенда во грчкиот фудбал.

Потегот на дербито со кој Гробари ги реметат Делии

Во сред пандемија на вирус, Партизан и Црвена Звезда одиграа дерби пред 20.000 навивачи кое го добија домаќините со 1:0. Никој не зборува за голот, туку за дриблингот кој му претходеше. Умар Садик го прати Милош Дегенек на костозглобна.

Единствениот гол на ЕП 2000, Конте ќе го памети засекогаш

На финалето сигурно не сака да се навраќа, бидејќи Франција ги елиминираше со гол во продолженија, ама првиот меч одигран на денешен ден пред точно 20 години против Турција му буди посебни спомени. Нема играч кој не сонува да постигне гол со ножички.

Дали „шверцерот“ Груби наумил Вардар да не биде шампион?

Ахмети рече дека е дојдено времето Албанец да биде премиер. Така и ДУИ лани сметаше дека е дојдено време нивен емисар да располага со буџет од 10 до 15 милиони евра годишно, колку што легнуваат на сметката на ФФМ по разни основи. Со тоа ДУИ покажа невидена дрскост кога јавно се фали со партиско освојување на власта во ФФМ, без страв од последици по македонскиот фудбал.

Чекајте, уште ништо не сме виделе од Кавани на село

ПСЖ е прогласен за шампион предвреме, ама има ли поголем шампион од уругвајската ѕвезда? Има пари и луксузи за терање колку сака, ама тој периодов повеќе го влече селскиот и оригинален живот во местото од каде потекнува. Овци зема да стриже.

Сигурно не сте ја заборавиле петата на Суарез против Мајорка

На 8 декември лани, Барса ја пречека Мајорка на „Камп Ноу“ и на тој меч Меси постигна хет-трик ама славата ја собра Луис Суарез по една неверојатна акција. Голов е еден од најубавите во кариерата на Уругваецот, особено што падна после страшна акција на Каталонците.

Тангото на Каниџа и Марадона против Бразил во Италија '90-та

Дуел на титаните во полуфинале на Мундијал Италија '90-та. Бразил против Аргентина. На теренот ѕверки како Тафарел, Дунга, Карека, Валдо, Буручага, Марадона, Каниџа. Токму последниве двајца го решија мечот во 80-та минута и „гаучосите“ отидоа во 1/4 финале.

Фудбалерот кој коронавирусот го заглави 73 дена на аеродром

Сторијата со Том Хенкс беше само филм по име Терминал, но ова е вистина која се случи во Индија. Остај друго, него типот и циклон преживеал, не само вирус и имал 11 евра во џеб.

Спремајте се за врвен фудбал 10 дена по ред

Конечно после долго време пауза, на голема врата се враќаат најдобрите европски фудбалски лиги, а љубителите на фудбалот ќе можат да уживаат во дерби средби.

На кое дереџе падна Балотели, го вратија од пред врата во Бреша

Откако неколку недели не доаѓал на тренинг, Марио Балотели до управата на Бреша доставил лекарски извештај како оправдание дека отсуствувал од тренинзите поради гастроентерит. Сабајлево другар го возел со кола до тренинг центарот каде Балотели дошол да тренира, ама „пољубил врата“. Претседателот на Бреша Масимо Челино реши да го раскине договорот со Балотели на штета на клубот.

Сте виделе ли како Роберто Карлос дебитирал во Интер?

Неговото име е асоцијација за Бразил и Реал Мадрид и не сите паметат, а можеби некој и воопшто не знае дека го има носено дресот на Интер. Тоа се случи пред точно четвртина век и заврши многу брзо поради екстремно лошата проценка на неговиот тренер Рој Хоџсон.

Како Барселона изгуби титула во неколку секунди во 2007-ма

Во една од најлудите сезони во шпанска Ла Лига, во 2007-ма, Барселона со месеци беше прва. Ама во јануари таа година паднаа во форма и тоа го искористи Реал Мадрид кој прво бодовно се приближи, па стана шампион благодарение на легендарниот капитен на Еспањол Раул Тамудо.

Сега е забрането, но кога ракувањето во фудбалот стана официјално?

Истражување од Универзитетот Колорадо покажало дека човек во својот живот се ракува по 20.000 пати во просек. Доктори тврдат дека на рацете во просек има по 4.000 бактерии од кои некои многу непријатни. Од кога постои овој ритуал во фудбалот?

Еден веројатно реален проблем со кој се соочува наш третолигаш

Обично во тие рангови им недостасуваат парични средства, судиска правда (на гостински терен) и подобри услови за игра. Е токму на третово, се нема милост во нивното село. Како игралиштето да е единствен проблем за пасење да му се сневиди.

Вердер Бремен од физиотерапевтот и резервите направи навивачи

Фудбалот се врати, ама атмосферата на многу стадиони е пуста зошто е забранет влез за навивачи поради глобалната пандемија.

А што ако близнациве сменат дрес на полувреме?

Се викаат Гергел Бобал и Давид Бобал. Играат за унгарскиот клуб Залаегерцег. На мечот против Пушкаш Академија првиот даде гол во 47', а вториот влезе во игра во 81' и ги постави конечните 2-0 во 86'.

Голов треба да се ребрендира како Робенка

Унгарците пред десетина дена продолжија со фудбалот таму каде што застанаа пред повеќе од два ипол месеци. Ференцварош комотно си оди кон шампионската титула. Синоќа со 3-0 го совлада ДВТК, а еден од головите кои го даде Зубков беше права Робенка.

Срамотилаци е вака да завршиш акција два на еден

Кај германскиот второлигаш Оснабрик изгледа играчите не фатиле топка дома за време на карантинот. На Штутгарт му скинаа бод, а можеа да го изненадат и со три, ако несреќниов лик не одиграше вака аматерски.

Гол од паркинг во Црна Гора

Црногорците веќе го вратија фудбалот на сцена и во само неколку дена паднаа два лудачки гола. Прво во Плевља, па сега и во главниот град. Будуќност славеше против најголемиот ривал Сутјеска од Никшиќ со 2-0 а Милош Раичковиќ даде гол кој долго ќе се памти во Црна Гора.

Кавани, па ти си дечко најјак во карантин

Уругвајската ѕвезда можеби има заработено 200-300 или кој знае колку милиони, ама затоа има и две здрави раце. Глејте го што работи царот:

На ова се мисли кога ќе се каже деби од соништата

Олимпија Љубљана самоуверено си вози кон нова титула во Словенија. Рестартот на фудбалот во оваа земја значеше и фантастично деби на 17-годишниот Енрик Острц кој имаше голем придонес во триумфот против Табор Сежана на гости (0:3).

Рикелме vs 11 голмани и јаче

Ова се тие ретки индиректни удари во фудбалот, во кој тимот ти го покрива цел гол. Ама кога за изведувач ќе ти се падне мајстор како Рикелме, не те спасуваат ни од клупа за резервни ако ги наредиш.