Лига на нации, Швајцарија - Шпанија 1-1.
Рамос вечерва прослави убав јубилеј - го играше 177. меч за репрезентацијата на Шпанија со што стана рекордер во Европа по број на настапи за својата селекција. Го надмина Буфон кој имаше 176 за Италија. Сега го брка епскиот рекорд на Египќанецот Ахмед Хасан кој запиша 184 натпревари. На Рамос му фалат 7 меча до светски рекорд.
Ама вечерва во Базел нема да ја памети по добро.
Неговиот врсник, 34-годишниот голман Јаник Зомер му го одбрани првиот пенал на Рамос во 57' минута при резултат 1:0 за Швајцарија:
Вториот Зомер му го одбрани во 79' минута кога Рамос несмасно ја изведе својата до вечерва безгрешна „паненка“:
Ова беше првпат после мај 2018-та година капитенот на Реал Мадрид и Шпанија, да промаши пенал после 25 прецизно изведени по ред.
На крајот Шпанците спасија бод во 89' минута преку Жерар Морено (Виљареал). Претходно Фројлер во 26' минута со преубав гол ги доведе Швајцарците во водство.
Шпанија првпат после 1993 година на 7 гостински меча по ред немаат победа (6 нерешени и 1 пораз од Украина во Киев). Најлоша серија во последните 27 години, а претходно 9 меча на гости без триумф биле од 1964 до 1968 година.