„Ниту соиграчите не можат да го стигнат Пандев за да го гушнат“, стои на официјалната Фејсбук страна на Џенова на која се гледа како нашиот капитен се појавува во трк, а соиграчите поради короната му честитаат само со рака.
Под фотките, еден куп лајкови и стотици коментари кои ја возвишуваат нашата фудбалска величина. Пандев минатата сезона беше прв клупски стрелец со 9 гола и еден од најзаслужните што Џенова се спаси од испаѓање, но Италијанците го препознаваат и му честитаат и за огромниот репрезентативен успех.
💨🇲🇰 Nemmeno i compagni riescono a prendere #Pandev per abbracciarlo.
Posted by Genoa CFC on Sunday, November 15, 2020
Издвоиме само мал дел од коментарите:
„Голем професионалец и голем играч, јас бев меѓу оние кои беа збунети кога пристигна во Џенова. Ти благодарам што го негираше моето мислење. Ти си вистински фудбалер, од старата школа. Честитки и ти посакувам долга кариера“.
„Горан велики. Во Џенова се потребни многу како тебе, со твојата класа, желба и страст. Со твоите 37 години ти даде најмногу. Продолжи така, ти посакувам уште многу голови. Со среќа и во животот“.
„Ти благодарам Горан, успеа на твоја возраст да ги замолчиш сите кои кога пристигна во Џенова те критикуваа што промаши зицери и ти велеа дека тука си колку да ти помине зимата до пензија, без да ти остават време да се навикнеш. Сега си нашиот идол. Благодарам, благодарам, благодарам“.
„Мислам дека во Џенова треба да имаме вакви 10 ама не фудбалери, туку луѓе во следните 1.000 години“.
И покрај сите величења кои заслужено ги доби по историското финале со Грузија, Пандев не смета дека е единствен херој во овој подвиг за кој Македонија чекаше 27 години.
„Не сум јас единствениот херој, сите сме херои во репрезентацијата, тоа е заслуга буквално на сите нас. Ова е прекрасно чувство, остваривме сон по 20 години. Конечно дојдовме до тоа за кое Македонија сонуваше три децении. Успеав на крајот од кариерата. Се уште не можеме да веруваме што постигнавме. Добив илијадници пораки и им благодарам на сите, иако не успеав на сите да им одговорам. Имаше многу и од навивачи на Џенова. Им благодарам многу и на нив, кои веќе го освоија моето срце. Се надевам дека наскоро ќе се вратат на стадион затоа што ни се навистина неопходни“, изјави фудбалскиот мајстор
А сега пуштете звучките појако:
Честитките од Здружението навивачи на Џенова.