Хероите овековечени на кожа

Диџеј Панчо ќе се потсеќа на 12 ноември 2020 секогаш кога ќе погледне во левата нога. Фудбалскиот момент број 1 во историјата на Македонија реши да го истетовира со тетоважа на која ги смести сите, од Пандев до Костадинов.

„Кога ќе ти се исполни детскиот сон, моментот мора да се овековечи. Оваа тетоважа ми е една од позначајните кои и имам на моето тело и сум горд на истата и на нашите репрезентативци кои ни ја овозможија оваа неопислива гордост. Ни покажаа и докажаа на сите нас како со сплотеност и верба се постигнува успех. Браво момци, херои наши! МАКЕДОНИЈА на Европско 2021, напиша Панчо“.

14 ноември 2020 - 18:53