Каде е и што прави Мурињо? Остана на островот и во ова невреме се вклучи во хуманитарна акција. Стратегот на Тотенхем донира храна и лекови за постарите кои се ризични да излегуваат и да се мешаат. И тоа кај Енфилд. Браво бе царе.
Делат 2.100 километарска граница со Кина, им се вратија 10.000 работници од Тајланд, подготвија центри за карантин, па дури и пет стадиони ако затребаат, ама за сега тврдат дека Ковид 19 не им влегол дома.
Тоа што спортот стагнира, ни дава уште повеќе време за буричкање по неоткриеното. И кога оп, ете ти ги „The Grandmothers“ од Штип кои пејат вака: „Се собравме сите, стегнавме заби, го создадовме ФК Баби. Почнавме од трета, влеговме во втора, ќе газиме и во прва“.
Ај сега остајте ги тоалетните и смислите нешто ново по дома, бидејќи ова за кратко време ќе ви го пробијат жените откако ќе почне да се шири. Пробајте си, без гајле, бидејќи таа секако не може да ве фати.
Една од најголемите сензации во историјата на мундијалските квалификации ја имаат приредено Бугарите. И одат на Франција на гости и за пласман на СП 1994 мора да победат, што звучи невозможно. Резултатот е 1:1 и во 90-та минута прават акција по која се раѓа легендарниот коментар кој го ставивме во наслов.
Рикелме, Савиола, Кареспо, Лучо Гонзалес, Макси Родригез и плејада други асови тргнаа тоа Светско 2006 во Германија да го освојат пехарот. Меси тогаш имаше неполни 19 години. На меч од групна фаза против Србија и Црна Гора (6:0) „Гаучосите“ буквално везеа.
Бразилскиот ас доживеа да пристигне во Асунсион, главниот град на Парагвај и таму поради фалсификувани документи да го стрпаат во притвор. Ама жив човек на сè се навикнува, па така и Рони.
Еден куп фудбалери фатија да жонглираат со тоалетна хартија за време на седењево дома и со тоа да испраќаат џелинџ на други играчи кои ги тагнуваат. Од Несторовски до Меси. Дефанзивецот Александар Игњатовиќ кој беше на позајмица во Феенорд, а сега игра во Албанија, му дојде преку такво и им ја прекина играта.
Лоренцо Санц, кој беше прв човек на кралскиот клуб во периодот од 1995 до 2000 година, почина вечерва на 76 години во мадридската болница како последица од коронавирусот.
Според првичните најави на Пандев може да земе 35.000 евра помалку, што е ништо во споредба со Лукаку, 1,8 милиони или па уште повеќе со Роналдо, 9 милиони. Зависи кој колку е платен.
Бенедикт Хеведес е германски фудбалер кој игра за Локомотив Москва, а во минатото со успех го носеше дресот на Јувентус и Шалке. Одвреме-навреме пишува колумни.
Бугарија го просласи рекордни 7 пати за играч на годината, повеќе и од Христо Стоичков, Тотенхем го плати 16 милиони евра и го направи најскап бугарски фудбалер во историјата, за кој Манчестер потоа искешира дупло. Добро познат е и муабетот дека Вардар на 17 години го одбил со образложение дека не бил доволно талентиран.
Фудбалската федерација на Македонија го соопшти денот на одигрување на полуфиналето од Лига на нации меѓу Македонија и Косово кое требаше да се игра на 26 март.
Фудбалски навивачи, пазете го ова. Над 200 радиа од цела Европа ја рокаат во исто време "You Will Never Walk Alone", сè со цел да се обединат луѓето за скапаниот Ковид 19.
Во цела Европа фудбалските и првенствата од другите спортови се прекинати на неопределено време. Исклучок е Белорусија каде веќе се одиграа два меча со навивачи на трибините.
Во Шпанија се разгоре пандемијата: Околу 18.000 заразени, повеќе од 800 смртни исходи. Додека спортистите седат дома во строг карантин, некои судијки отишле доброволно да помагаат како медицински сестри.
Коронавирусот ја ИСпрати фудбалската сезона во карантин, стадионите се пусти, клубовите не заработуваат. Ако сезонава не заврши според предвиденото, само клубовите од Топ5 лигите ќе изгубат 3,4 милијарди евра, смета KMPG.
Пред Роналдо и Меси во 2009-та да се сретнат во досега нивното единствено финално соочување во ЛШ, Манчестер Јунајтед во полуфинале за противник го имаше Арсенал. Неблагодарно е да се каже кој му е најјак слободен во кариерата.
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ во синоќешното обраќање отворено кажа дека некои фудбалери „кои заработуваат милиони евра“ во странство, ај што се вратиле дома, туку и не ја почитувале вонредната состојба и мерките за ограничено излегување надвор.
За оние на кои најмногу им недостигаат фудбалските натпревари, има нешто колку да не се без ич. Топката се тркала уште во австралиската А-Лига и во Белорусија. Турците најверојатно ќе донесат разумна одлука за прекин.