Утрово донесе непријатни вести за македонската репрезентација. Енис Барди нема да игра во финалето од баражот за пласман на Европско првенство 2021.
Неговиот клуб Леванте побарал Енис да се врати во Валенсија со цел да ја санира повредата и да биде потвргнат на тестови.
Барди на синоќешниот тренинг здобил повреда во 'рбетот (дискус хернија) и нема да игра против Грузија. Енис сигурно ќе ги пропушти и дуелите со Естонија и Ерменија во Лига на нации.
За Тбилиси не патуваат ниту стандардниот стопер Кире Ристевски ниту резервниот шпиц Крсте Велкоски кои биле позитивни на тестот за Ковид-19.
Нејасна е и состојбата околу Аријан Адеми кој веќе неколку дена се жали на повреда но постои надеж дека медицинскиот тим ќе го оспособи за клучниот меч на генерацијата и историски за нашата репрезентација.
Во ваква непредвидена ситуација, селекторот Ангеловски сега ќе мора да се потпре на друг стопер кој би играл во тандем со Дарко Велковски, а тоа од досегашните натпревари беше Ѓоко Зајков. Во средниот ред Костадинов би можел да го замени Барди.
„19 ГОДИНИ ГО НОСАМ СВЕТИОТ ДРЕС, НА ЧЕКОР СУМ ДО ОСТВАРУВАЊЕ НА СОНОТ“