Компилација од голови и проигрувања на лидерот на Македонија
Дебитираше за репрезентација на квалификациски меч за СП против Турција во јуни 2001. 19 години подоцна уште го носи истиот дрес со кој стана рекордер по број на настапи (113) и голови (35). Нема репрезентативец кој не се изразил во суперлативи и кој не е горд што игра со него.
Горан Пандев е инспирација и мотивација за сите во тимот на Мрме. Стрела, проигрува и е движечка сила и диригент во македонскиот фудбалски оркестар кој утре ја дочекува кулминацијата на 27 годишното постоење на македонската репрезентација. Уживајте.