Под мотото „Сега е наше време“, ФФМ секој ден објавува по некое мотивациско видео во пресрет на мечот за кој сите трепериме. Нас ќе ни се потат раце пред телевизор, но тие ќе треба добро да се испотат на лице место како актери на кои им е потребен режисер.
Селекторот Игор Ангеловски сигурно веќе го има склопено мозаикот за финалната битка, а во кусо видео ќе може да видиме дел од неговата анализа за тоа како најпаметно треба да се одигра на ова гостување за да се добие Грузија.
„Најважно е да ги ставиме нивните два одбранбени играчи под притисок, за да не можат да организираат игра со средината и да одат на долга топка, а таа втора топка треба ние да ја одземеме.
Да имаме поголем посед од нив затоа што играат многу широко. Мораме да го искористиме просторот меѓу линиите каде сме најопасни со Елиф и Горан, да нападнеме директно на нивната последна линија и подмогнати од страна со Џани и Стефан, во сутиации кога ќе се отвори тој простор.
Прекините мора добро да ги затвориме, бидејќи се доста висока екипа. Ако ги измаркираме добро на прекини, нема да имаме проблем“.