Како звучат наши голови со јужноамерикански коментатор

Убаво ни е на душата деновиве и ни годи кога сите ни го величаат првиот историски пласман на ЕП. Победничката серија продолжи и вчера против Естонија и сега сме на 90 минути до плејоф за СП. Да поуживаме на головите на Тричко и Стојановски.

Овој пат со оној стар и препознатлив јужноамерикански стил. Кога акцијата кулминира, коментаторот како да кажува брзозборка, а потоа паѓа во транс.