Таг: влатко стојановски

Како звучат наши голови со јужноамерикански коментатор

Убаво ни е на душата деновиве и ни годи кога сите ни го величаат првиот историски пласман на ЕП. Победничката серија продолжи и вчера против Естонија и сега сме на 90 минути до плејоф за СП. Да поуживаме на головите на Тричко и Стојановски.

Невидена асистенција на Елмас за гол

Најдобрите македонски фудбалери рутински ја совладаа Естонија со 2-1 и освоија 3 бода кои дополнително ја приближија нашата селекција до повисок ранг во Лига на нации. Тричковски и Стојановски беа стрелци, а вториов постигна ефектен гол со глава по чудесна асистенција на ѕвездата на Наполи Елмас.