This time for Africa

Тотално луд меч каков што Африка не памети: од 4:0 во 30' минута до 4-4 на крај

Репрезентацијата на Нигерија како лидер во својата група во квалификации за Купот на Африкански нации во петокот ја пречека Сиера Леоне.

Во силен состав Нигерија тргна по нови три бода со кој ќе се зацементира на прво место. Во 30' минута семафорот покажувал 4-0: нигериските ѕвезди Ивоби (Евертон, 2 гола), Осимхен (Наполи) и Чуквуезе (Виљареал) до врв ја наполниле мрежата на Сиера Леоне. Гостите до полувремето постигнале 1 гол кој покасно се испостави како клучен.

Сиера Леоне на полувреме како да извела комплетно друг тим. Во вториот дел селекторот Џон Кејстер решил да освежи со Алхаџи Камара од дански Рандерс а набрзо и Мустафа Бунду од Андерлехт.

Овие двајца постигнале 3 гола за 4-4!

Интересно Сиера Леоне три погодоци не дала цели 8 години - во 2012 толку постигнале против Сао Томе и Принсипе.

Нигерија како лидер во групата имаше 7 бода пред почеток на мечот, Бенин втор со 3 бода и меч со аутсајдерот Лесото. Сиера Леоне само 2 бода. Од групата одат понатаму само две репрезентации а во вториот круг Сиера Леоне ги пречекува дома Бенин и Нигерија.

После мечот Ахмед Муса се извинил пред целата земја:

„Ова е прав шок, Сакам од името на цела екипа да се извинам на сите сограѓани за овој лош резултат. Ќе одиме во Сиера Леоне да го направиме потребното“.

А селекторот на Сиера Леоне лесно го објаснил лудиот кам-бек:

„Едноставно скоро ми беше роденден (на 11 ноември Џон Кејстер наполнил 50 години), па дечките не сакаа да ме лутат“.

Во вторник овие две репрезентации играат пак меѓу себе, во Сиера Леоне.