Бекот на Казахстанците Олжас Керимжанов уште во 10 секунда доби жолт картон откако направи фаул да спречи напад на противникот. Керижманов за малку ќе го урнеше светскиот рекорд на Вини Џонс кој како играч на Шефилд во јануари 1991 година фаулирал фудбалер на Сити уште во 5' секунда од мечот на самиот круг во средина на теренот.
Втор интересен момент на мечот во Албанија синоќа се случи во 25' минута. Откако Казахстан го прими вториот гол, Ајбол Абикен и Абат Ајмбетов ја изведоа топката од средина на игралиштето.
Абикен како да приметил дека домаќините уште не се наместени и од 50 метри постигна ефектен гол. Етрит Бериша голманот на Аталанта не беше доволно спремен:
Казахстан на крај изгуби 3:1 па наместо да се радува на голот, стрелецот Абикен се извинуваше.
„Сакам да им се извинам на сите наши навивачи за мојата и за играта на тимот. За жал не можевме да победиме. Голот? Кога тргнавме накај центарот на теренот видов дека голманот е излезен далеку од голот и решив да пробам. Дома мора да ја победиме Литванија“, рекол фудбалерот на Каират.
Казахстан игра во група Ц4 од Лига на нации и е последен со 4 бода од 5 меча. Имаат само една победа, на гости против Литванија.