Вараждин vs Шибеник, конечни 1:3. При една нафрлена топка гостинскиот голман боксуваше многу лошо, потег кој сите го заборавија после ова неверојатно промашување на еден од играчите на домашниот тим. Сите се држеа за глава, голманот легна, а тренерот го тресна шишето од земја.
Глен „Биг Бејби“ Дејвис има 34 години (роден 1986). После колеџ баскетот, Сиетл СуперСоникс го бира како 35. пик на драфтот во 2007-ма. Патот го носи во Бостон Селтикс каде во 2008-ма освојува дури и шампионска титула. Играше уште и за Орландо Меџик и ЛА Клиперс. Сега тапка баскет во Канада каде им држи лекции.
Фудбалерот на Леванте нема да патува за Тбилиси и поради повреда на 'рбетот ќе го пропушти најважниот меч во досегашната кариера. Позитивни на тестирања Кире Ристевски и Крсте Велкоски, селекторот се надева дека ќе го има Адеми кој е ровит.
Во втора лига на Израел, центарфорот на Секциа Нес Циона, Ели Елбаз 4 пати во 5 минути бил спречен од статива или пречка да постигне гол против Хапоел Петах Тиква.
Најдобриот македонски фудбалер во историјата, капитенот Пандев во четврток вечер по 114-ти пат ќе ја поведе репрезентацијата во нова битка. Овојпат највредна во неговата репрезентативна кариера.
Славниот шкотски клуб кој повеќе од една деценија не можеше да се опорави од финансиски проблеми и секогаш беше во сенка на смртниот ривал Селтик, сезонава го води орото во Шкотска благодарение на легендарниот Џерард.
Комичен момент за најсмешно видео инсерти во кој Жозе и помошникот мафтаат па седнуваат во исто време, тајминг во кој случајно се поклопи и Славен Билиќ.
Асоцијација за прекрасниот Лестер кој сензационално освои титула во Премиер лига се Раниери, Варди, Ријад Марез и Каспер Шмајхел. Кога се набројува таа шампионска генерација, неизоставен дел е и Дени Дринквотер.
Чезаре, Паоло и Даниел Малдини не се единствените кои негуваат верност и традиција во ист клуб. Аргентина ни открива уште еден пример во кој три генерации по ред го љубат дресот на Естудијантес.
Новите правила за контактот со рака ги донесоа во 2019-та и тогаш изгледаа сосема добри и коректни за сите. Но како проаѓа време, и тренери и играчи и навивачи, сакаат да се вратат на старите правила.
Ненад Качар, 18-годишен фудбалер на српскиот нисколигаш ФК Дубочица. А што друго и би кажал со балвани од тренери кои не ги учат младите играчи на никаков бон-тон и кодекс на однесување.
После потопот во Виљареал, најголем во последните 40 години во овој шпански град, невремето се прошири и на други реони. Во Ваљадолид фудбалскиот клуб морал да го прекине тренингот поради страшни молњи.
Броиме ситно, нешто повеќе од 48 часа до стартот на финалето кое нема македонски навивач кој не го чека со срце и душа. Остана уште последната пречка која на Пандев и другарите ќе им биде остварување на сонот ако ја прескокнат. Напред момци.
37 годишниот ветеран од Бразил игра уште фудбал за Палмеирас каде е член од 2017-та. Го паметиме добро од Фиорентина, Јувентус, Галатасарај, Интер. Да, беше груб, ама за топка во среден ред.
Канте ли ова? Или па можеби Клод Макелеле? Не, туку Таигун Ндомбеле, Французинот кој летото 2019-та направи трансфер од Лион во Тотенхем, вреден 62 милиони евра. Мурињо минатата сезона го критикуваше за слабите партии, но сезонава е друг човек.
Ако на некои најмногу им фали посетата на стадиони тоа се сигурно навивачите на Наполи. „Сан Паоло“ не видел публика скоро 10 месеци. Којзнае како ќе биде кога еден ден ќе се врати публика на трибините. На времето грмеа за Пипита Игуаин кој имаше рекордна сезона со 36 постигнати голови во Серија А.
Шестолигашот Чорли го исфрли Виган од ФА Купот иако домаќинот водеше 2-0 на полувреме. Гостите израмнија и во 92' минута со супер гол на Конор Хал се пласираа во следната рунда. Понатаму го следиме Чорли и навиваме за нив да дотуркаат до Манчестер Сити, Јунајтед, Челси, Арсенал...
Ибрахимовиќ, Де Брујн, Варди...Што ли се случуваше викендов со пеналџиите кои промашуваа на ангро, а повеќето од нив можеа драстично да го сменат конечниот исход. Најдовме три средби на кои имаше дури и по две утки од 11 метри.
Македонската фудбалска репрезентација почна да се собира во Скопје во пресрет на исторскиот меч, а македонската јавност може да се смири, бидејќи попладне во Скопје пристигнува капитенот за кој синоќа се појави информација дека нема да го пуштат од Италија.
Никогаш поблиску, никогаш поважен и никогаш со поголема историска важност за нашиот репрезентативен фудбал. 27 години поминаа од првиот меч на Македонија, а тоа се скоро три децении исчекување. Изгоревме од желба и ние да заиграме на едно Европско првенство.
Вистинска реткост е некој врвен играч како Роналдо, Меси или Ибра, некој да го прати по бурек. Тоа му успеа синоќа на стоперот на Лацио, Луис Фелипе кој со само еден елегантен потег на смирен начин го исфрли од игра Кристијано.