Интересни анегдоти од автобиографијата на Михајловиќ (II дел)

Прав борец кој никогаш не крие што му лежи на душа. Играше во многу големи клубови, освои многу трофеи и е прав пример за тоа како човек никогаш не треба да се предава.

СЕ ДРУЖЕЛ СО КРИМИНАЛЦИ И МАФИЈАШИ

Една од најголемите победи на Михајловиќ во шампионската сезона на Војводина била онаа против Црвена звезда (1:3) во Белград.

За време на мечот Синиша забележал дека на клупата на Звезда седи некој лик кој не е вработен во белградскиот клуб.

Во еден момент Михајловиќ направил жесток фаул, а човекот од клупата за резерви после мечот му рекол: „Еј ти мал гомнар, ќе ти ја прекинам кариерата!“.

Синиша, веќе искален по третолигашките терени од претходно, не останал должен: „Кој си бе ти? Сакаш да ми завршиш кариера? Дојди пиздо, ќе те искршам“.

Не се случила тепачка, а соиграчите биле пребледени кога Синке влегол во соблекувална: „Нормален си ти бе? Знаеш ли кој е тој? Аркан. Ќе те убие!

Жељко Ражнатовиќ Аркан бил алфа и омега во клубот и посебно меѓу навивачите. Во исто време по него била распишана и меѓународна потерница од Интерпол поради еден куп криминални дела ширум Европа.

Во 1990-та година Аркан ја формира Српската Доброволна гарда (позната и како „арканови тигри), паравоена формација која се борела во Босна и во Хрватска. Кога Михајловиќ потпишал договор со Црвена звезда, Аркан му се претставил како главен во клубот а не меѓу навивачите.

„За што и да ти треба Синиша, мене ќе ми се обраќаш“, му рекол Аркан кој заборавил на расправијата од пред неколку месеци.

„Кај него одев околу 200 пати годишно. Секогаш зборевме за фудбал. Веќе одлично знаев со што се занимава. Јас имав три правила за себе: да почитуваш, да немаш работа со такви луѓе освен муабет и ништо да не им бараш“, раскажува Михајловиќ во својата автобиографија.

****

Во 1991-ва година кога војната во поранешна Југославија се разгорела, Аркан му се јавил на Михајловиќ и му рекол: „Во Вуковар фативме еден маж, вика дека ти е вујко. За пар дена ќе бидам во Белград. Дојди да видиш дали стварно ти е роднина и земи го, ако не ќе се разбереме со него“.

Вујко му Иво бил Хрват. По заминувањето на родителите на Синиша од Борово, Иво бил лут на сестра му: „Ти мораш да останеш, ќе те спасиме од таа свиња, тој грозен Србин каков што е маж ти. Би го заклале“.

Иво паднал во раце кај Аркан. „Долго мислев што да направам. Да го спасам вујко ми кој сакаше да го убие татко ми, или да го оставам да се разбере со луѓето на Жељко. Помислив како би постапил Иво ако јас паднев во хрватски раце. Можеби и мене би ме заклал“, раскажува Михајловиќ.

Мајка му плачела, татко му молчел и одбил да оди по Иво. За својот роден брат тргнала мајка му на Синиша. Кога го донела дома со кола, татко му го прашал: „Што ти згрешив јас па да сакаш да ме убијат?“. Вујко му молчел. Тие двајца веќе никогаш не прозбореле.

*****

Аркан беше убиен во јануари 2000-та. Синиша Михајловиќ напишал некролог во српските весници: „Јас го жалам не воениот Аркан, командант на Тигрите, туку Жељко. Дали може да се раздвојат тие две личности? Не знам, тоа е тешка тема“, им рекол на новинарите.

„Се знаев со него пред војната. Секогаш беше добар со мене. За време на војната ослободи многу српски заложници, мои добри пријатели. Благодарение на Жељко вујко ми преживеа. Многу ми помогна. Доволно ли е тоа за да затворам очи пред сите негови злодела? Не. Он правеше ужасни нешта кои ги осудувам. Но во граѓанска војна нема добри и лоши. Нема црно и бело. Главна боја е црвената, боја на крвта на невини жртви.

Јас никогаш не сум го бранел Аркан. Он ми беше другар. Ме сакаше и јас него. Кога го убија, јас можев да се правам како ништо да не било, како многу негови блиски луѓе што правеа. Но сакав да се збогувам. Секогаш ќе го правам тоа што мислам дека треба“

Две недели по убиството на Аркан, во Рим на мечот Лацио - Бари на трибина кај најжестоките навивачи се појави парола: „Во чест на тигарот Аркан“.

Членови на групата Irriducibili подоцна рекле дека Михајловиќ ги убедувал да не креваат таква парола.

„Што е со вас? Вие не го ни знаете него.
- Не го знаеме лично, ама он за нас е херој.
- Каков херој, појма немате. Ако ме прашаат мене, ќе кажам дека немам ништо со него. Немојте да кревате парола“.

Ултрасите не го послушале и избил скандал. Хрватскиот центарфор на Лацио во тоа време, Ален Бокшиќ изјавил дека сакал да напушти терен: „Многу бев вознемирен и разочаран што моите навивачи почитуваат човек кој во цел свет важи за криминалец кој војувал против мојот народ. Они не сфаќаат што направија“.

ВЕЛИ ДЕКА БИЛ ЗАСЛУЖЕН ШТО ФРАНЧЕСКО ТОТИ ДЕБИТИРАЛ ЗА РОМА И ДОНАРУМА ЗА МИЛАН

Според раскажаното во книгата на Михајловиќ, малиот Тоти во прв тим заиграл благодарение на Синиша.

Во 1992-ра Србинот играше за Рома.

„Нашите младинци играа во базата во Тригориа па често ги гледавме нивните натпревари. За нив играше Тоти, број 10, многу јак играч. Еднаш му реков на Бошков (српскиот легендарен тренер Вујадин кој во сезоната 1992/1993 ја водеше Рома):

„Мистер, дајте да го земеме во прв тим? Крај на првенство е, не претендираме за ништо“. Бошков го послушал сонародникот и го викнал Тоти меѓу резервите.

Рома со 2:0 ја победила Бреша на Олимпико, а Михајловиќ имал асистенција до Каниџа на тој меч. На 10 минути пред крајот од натпреварот, Михајловиќ се свртел кон Бошков: „Водиме мистер, што не го пуштиш малиот“?

Тоти дебитираше на тој меч и стана симбол на Рома во следните 25 години. Синиша во книгата раскажаува кои биле двајца најдобри соиграчи со кои играл во кариерата: Франческо Тоти и Роберт Просинечки.

****

Во 2014-та година, на совет на Зденек Земан, Михајловиќ како тренер на Сампдорија барал од управата да го позајми од Рома 19-годишниот стопер Алесио Ромањоли. Подоцна Михајловиќ и како тренер на Милан барал да му го донесат италијанскиот стопе.

Берлускони се сомневал, а Рома барала 25 милиони евра.

„Ај да направиме вака. Да го купиме. Ако го продадеме за две години за поголема сума, разликата ќе ја делиме на два. Ако не успее, јас ќе го компензирам трансферот“, рекол Михајловиќ.

Берлускони прифатил но одбил да земе пари. После година дена Милан добил понуда од 40 милиони евра од Челси но Ромањоли остана во клубот.

ЏИЏО ДОНАРУМА СТАНА СИМБОЛ НА МИЛАН БЛАГОДАРЕНИЕ НА МИХАЈЛОВИЌ

„Не бев сигурен во нашиот голман, Диего Лопез. Он не командуваше добро со одбраната, со него Милан не беше сигурен. На тренинг еднаш го приметив младиот Џанлуиџи Донарума. Абијати (тренер на голманите) ми кажа дека е во ред, самиот Џиџо не се плашеше и кажа дека е спремен да брани.

Галијани три пати ме праша дали сум полудел кога му реков дека Донарума ќе брани од почеток. Зборував и со Берлускони и почна да ми ѕвони.

Во четврток прв повик:

„Слушај Синиша, Лопез минатата сезона беше еден од најдобрите.

- Ама јас не бев тука минатата сезона. Дајте да размислиме за промена на голманите.

Во петок втор повик:

„Синиша добро размисли. Млад е малиов, може да го изгориме“.

- Не се секирајте, президенте. Спремен е, има железни нерви.

Во сабота Берлускони дошол во базата Миланело. И тогаш ме убедуваше а јас поставив ултиматум: „Има две варијанти. Вие да ме отпуштите и да брани Лопез. Ако не ме отпуштите ќе брани Донарума. Одам на тренинг. Кажете ми после дали уште го водам Милан. До скоро“.

Донарума дебитираше на мечот против Сасуоло. Милан победи 2:1, но после мечот Берлускони влегол во соблекувална кај гостите, да го пофали Еузебио Ди Франческо за одличната игра.

*****

Михајловиќ бил задоволен што двајцата играчи за кои тој бил спремен да оди до крај во Милан - Ромањоли и Донарума, станаа лидери на тимот и ден-денес се главни играчи во екипата.

Но бил разочаран од отказот што го добил од Берлускони.

„Имаше двајца Силвио. Еден најтрофеен претседател во историјата на клубот, најдобар можеби во цела историја на фудбалот. И втор, кој знаеше да збори со играчите зад грб на тренерот. Но ме научи голема работа, еднаш кажа: „Драг Синиша, во фудбалот, ако победуваш ти си шампион. Ако губиш просто си кондом“, раскажува Михајловиќ.

НАЈГОЛЕМИ СКАНДАЛИ ВО КАРИЕРАТА МУ БЕА ВИЕРА, МУТУ, ЗЛАТАН И ЈЕРЕМИС

Патрик Виера учествуваше во прошталниот меч на Михајловиќ, заедно играа и во Интер, а Синиша го смета Французинот за добар другар. Но неколку години претходно на мечот меѓу Лацио и Арсенал во октомври 2000-та изби голем скандал.

„После натпреварот Виера изјави дека сум го нарекол 'црнечко гомно'. Но заборави што самиот зборуваше. Прво јас го реков тоа како одговор на неговото 'циганско гомно'. Како тоа 'црнешко гомно' е расизам, а 'циганско гомно' не е расизам“?

Михајловиќ беше суспендиран 2 натпревари и требаше јавно да се извини. Тој се извинил но тоа не им се допаднало на радикалните навивачи на Лацио. Некои од нив дури и преку клупската радио станица злобно зборувале и посакувале жена му да абортира.

„Го најдов бројот на тој што пратил таква порака. Ќе се обидам да ви го прераскажам разговорот со него. „Ти говнару, ако имаш нешто против мене, збори со мене. Следен пат кога ќе колнеш нешто за жена ми и децата, ќе ти покажам што е војна. Мислите дека со банерот за Аркан сте опасни? Такви ко вас кај нас ги сметаат за деца. Сакаш да се најдеме? Дојди и со другарите, јас ќе бидам сам. Покажи ми дека си толку опасен“.

„Секако не се сретнавме, ама од тогаш жената и децата никој не ми ги закачаше“.

СКАНДАЛОТ СО МУТУ

На големото дерби во Лига на шампиони меѓу Лацио и Челси, Синиша го плукна во лице Романецот Адријан Муту додека лежеше на терен.

„Цел меч ме провоцираше, ги тестираше моите нерви. Постапив глупаво, нема оправдание. Ме исклучија. Во УЕФА зборуваа за Аркан и Виера. Не го осудувам Муту, тој постапи правилно, јас згрешив. Тоа е нормално, често и сам сум излегувал на терен со една цел - да го изнервирам противникот“.

*****

Јувентус - Интер, 2005 година. Ибра со неговата долга нога (број на стопало 48) го удри Михајловиќ во лице. Во одговор на тоа Синиша го закачи со глава. Златан беше казнет на три меча. После дербито, Синиша викал во соблекувалната на Интер.

Дошол Буфон да види што е работата, а Синке му рекол: „Џиџи, викни го тоа ѓубрето“, а Буфон му рекол: „Батали Синиша. Млад е. Сети се какви бевме ние“.

Ибрахимовиќ не излегол од соблекувална, Михајловиќ се смирил. Но Мино Рајола во една прилика рекол дека Синиша го пцуел Златан на спрски.

Кога Златан потпиша договор со Интер, поставил услов, ако има проблеми со Михајловиќ да може веднаш да си оди од клубот.

„Ако се однесува добро, нема никакви проблеми. Јас не сум му лут нешто. Ама ако прави примадона од себе, може да си ги пакува куферите“, раскажува Синиша и додава:

„Ибра се покажа како прав професионалец, со силен карактер кој сакаше исто како и јас - само да победува. Се дружевме и ден-денес се дружиме. Рајола, Ибра, Виера, Тоти, Мурињо, сите они ми станаа добри пријатели. Тоа се машки односи. Се караме, но забораваме“.

ВО ШТО Е ТАЈНАТА НА СЛОБОДНИТЕ УДАРИ

Синиша Михајловиќ важи за еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во историјата на фудбалот.

Тој ден денес го дели рекордот за најмногу голови од слободен удар со Андреа Пирло - двајцата имаат по 28.

Против Сампдорија постигна хет-трик од слободни удари и тоа уште е актуелен рекорд.

Синке бил сигурен дека може да го повтори подвигот, но на мечот Интер - Рома со Адријано правеле лист-камен-ножички кој ќе изведува. Синке два пати победил и два пати дал гол од слободен удар.

„Никој не ме учеше да шутирам слободни. Мој учител е гаражата. Долги саати: сабајле, преку ден, навечер. Гаѓав во горниот агол, десет пати, сто, илјада, десет илјади пати. Но едно е прецизност друго е силина на удар. Таа зависи од многу фактори.

Имав предност што имам мало стопало за мојот раст (185 см), носев 42-ка. Затоа и ја удирав топката со цело стопало.

Има уште две „оружја“: подолга нога и камен бут (Михајловиќ правел по 500 до 1000 стомачни дневно).

Во книгата Михајловиќ раскажува дека почесто промашувал пенали отколку слободни удари.

„Кога шутирав пенал, бирав агол, силно шутирав но никогаш не го гледав голманот. Ако почнеше да се движи пред мојот шут, ќе ја одбиеше топката. Мои пенали беа оние од 25 метри. Пред секој меч внимателно го изучував голманот, дали е претпазлив или дрзок. Тоа беше психолошка војна, особено кога шутирав по 2-3 слободни по натпревар“.

„Секогаш гледав во голманот до последна секунда, до самиот шут. Ако сфатев дека голманот тргнува да се фрла во подалечниот агол, тогаш го ловев во расчекор и моќно шутирав во негов агол.

Ако остануваше во место, успорував и шутирав над живиот ѕид секогаш. Можев да прославам гол уште при шутот ако видев дека оди добри топката. Шутирав од десно, од лево, од средина. Што подалеку бев од голот тоа подобро“, се фали Синиша.

Кога играл за Црвена звезда на тренинг доаѓале претставници од факултетот за физичка култура во Белград, за да ја мерат брзината на неговите удари.

„165 километри на час! Пробуваа да откријат како може топката прво да лета високо, а потоа да паѓа без да изгуби силина и брзина. После три дена признав дека ни јас сам не сфаќам како е можно“.

Во Сампдорија кога бил тренер на 44 години, решил да го проба аргентинскиот голман Серхио Ромеро.

„Од колку слободни од 25 метри ќе ти дадам гол? Два? Ти треба да си среќен ако одбраниш два“.

Михајловиќ дал осум гола, а Ромеро рекол: „Подобро изведуваш слободни од Меси!“.

БОЛЕСТА МУ ЈА ОКТРИЛЕ НЕОЧЕКУВАНО, ИСТРЧАЛ САБАЈЛЕТО 11 КИЛОМЕТРИ, СЛЕДНИОТ ДЕН ДОЗНАЛ ДЕКА ИМА ЛЕУКЕМИЈА

„Кога легнав почуствував силни болки. Ме болеше нога, половина. Хернија ли е? Истегнување? Вчера игравме фудбал ама ќе приметев порано болки.

Имав многу истегнувања, знам за што зборам. Воспаление на нерв? Можно да е. Но време поминуваше а болките стануваа посилни.

Тогаш отидовме со цело семејство на Сардинија, со мене беше и брат ми Дражен. Кога ме виде, се мајтапеше: „Што одиш ко дедо некој? Како да имаш 90 години“.

Но не можев да одам, не можев ни да седам. Се ме болеше. Помина пола ден, ништо не се смени. Докторите на Болоња по телефон ми препишаа антибиотици за да ми олесни. После три дена Михајловиќ веќе бил во Болоња. Почнале подготовки за нова сезона. Болките уште биле присутни, Синиша ги направил сите можни тестови.

„Вие очигледно знаете да трпите болка. Од ова што го гледам, мора да лежите во кревет, неподвижно, ниту со палец да не мрдате“. 

„Ама сабајлево истрчав 11 километри“, му одговорил Србинот.

„Имате големо воспаление, никогаш не сум видел такво“, возвратил докторот.

Следниот ден имал анализа на крв. Кога ја слушнал дијагнозата само прашал: „Имам ли шанси да преживеам? Ќе се справам. Брзо ќе се справам“, рекол Михајловиќ кога дознал дека леукемијата е излечива.

ВО БОЛНИЦА ГО ДОНЕЛЕ ПОД ДРУГО ИМЕ, ЗА ДА ИЗБЕГНАТ ВНИМАНИЕ ОД МЕДИУМИ И НАВАЛА НА НОВИНАРИ

Датум на раѓање: 1 октомври 1950

Место на живеење: без определено место на живеење

Име и презиме: Чгикјтфр Дрновск

Со такви податоци жена му на Михајловиќ, Италијанката Ариана отишла во аптеката при одделението на хематолошки институт Сераноли во полклиниката Сант'Орсола.

„Госпоѓа Дрновск, госпоѓа Дрновск...“, неуспешно шепотела аптекарката додека барала во база и на крај и побарале документ.

„Аха! Синиша Михајловиќ?....“

За да му ја сочуваат приватноста, Михајловиќ го запишале под измислено име и презиме. Со оглед на статусот на пациентот, му дале еднокреветна соба наместо двокреветна.

„Да знаев како ќе испадне никогаш немаше да прифатам“, се жалел Синиша.

„Обем на собата три на три. Се стерлизирано, воздухот се филтрира. Практично не е можно да се движѓиш. Крветот до ѕид, со монитори, цевки, капалници. Лево мала тоалетна соба, десно столче. Кај нозете телевизор, за прошетка имаш пола метар. Тоа е се. И не можеш да излезеш.

Затвор? Никогаш не сум бил таму, ама мислам дека во затвор е поарно. Во крајна мера, затворениците бар дишат свеж воздух. Немаат високи температури. Не губат вкус и мирис, не губат тежина. Подобро да немаше прозор воопшто. Кога гледав во него, сакав да го отворам но не можев. Фалеа само решетки“.

ВЕТИЛ ДЕКА ЌЕ ЈА ПОСЕТИ ЕКИПАТА НА ПРВИОТ МЕЧ, ЕДВАЈ ОДЕЛ НО СТОЕЛ НА ЗБОР

На 25 август 2019-та Болоња ја победи Верона во првото коло од сезоната. Михајловиќ ветил дека ќе дојде да ги гледа, но на три дена пред мечот докторите не сакале да слушнат.

„Синиша никако! Многу е ризично. Твојот организам е апсолутно незаштитен после хемотерапијата, можеш да фатиш инфекција. Те разбираме, ама ова за тебе е најважно. Имаш илјада меча пред тебе. Смири се“

Но за Михајловиќ немало други илјада натпревари ако го пропуштел овој. Оној за кој дал збор на своите играчи.

Плачел, се стегал, се нервирал. „Не разбирате. Им ветив на играчите. Нивен тренер сум. Направив се што требаше да направам. Го поминав цело лекување. Не можам да се смирам“.

„Ме гледаа чудно и не сфаќаа како фудбалски меч може да е поважен од животот? Ме сметаа за психо. Никој во таа состојба не би се однесувал така. Никој не би барал да го подвргне организмот на таков стрес. Ми беше тешко да направам и два чекори до тоалет. Но реков дека ќе ме убијат психолошки ако не ме пуштат. Дека ќе станам мртовец. А ако отидам на мечот, тоа ќе биде најдобар лек“, раскажува Михајловиќ во автобиографијата.

На крај докторите едвај прифатиле но под услов: Михајловиќ ќе го пуштат само во случај ако нивото на леукоцити во крвта му порасне до 900 на микролитар. На 22 август покажале 300, а на 24 август - 900.

„Кога се спремав да излезам, ме порази тоа колку бавно правам се. Ми требаше долго време да врзам врвки. Ми се тресеа рацете, се погледнав во огледало и не се препознав. Бев послаб, постар, без коса, без ниеден мускул на телото, свиткан и слаб. Ама можев да излезам“.

Цели 40 дена не излегол од болницата. Одбил од втор спрат да се спушти со лифт, тргнал пешки, без поддршка и три пати застанувал по неколку минути за да одмори.

Од вратата до кола имало 10 метри.

„Ако тргнев да одам уште три метри, ќе паднев на земја. Бев како зомби, но внатре во себе бев жив. Не плачев, се смеев“.

Играчите се изненадиле кога го виделе. Им се обратил со зборовите:

„Ви ветив и дојдов. Докторите ми рекоа дека памет немам. Ги поминав најтешките денови во животот, затворен во соба со звук на апарати. Како се чувствувам може да видите по тоа како изгледам. Не сум таков каков што ме памтите. Но ќе одржам говор. Секогаш. Направив се за денес да бидам со вас. Сае надевам не дојдов бадијала. Веднаш после мечот се враќам назад, ме пуштија на неколку часа. Направете така да одам мирно назад. Одиграјте како знаете. Ве сакам дечки!“

Претседателот на Верона му предложил на Михајловиќ место во затворена ложа со него, но Синиша сакал само на клупа да седи.

„Цел меч бев посветен на себе, малку пратев што се случува околу. Главно ми беше да не паднам во несвест. Морав да бидам силен“, се сеќава Михајловиќ.

Мечот завршил 1:1.

На 22 ноември 2019-та после три фази хемотерапии и пресадување на мозочна срцевина (срж), Михајловиќ бил отпуштен од болница.

„Му побарав на шоферот да застане кај црквата. Никој немаше внатре. Седев сам, се молев и зборував со Бог. За што? Е тоа е единствено нешто што не можам да ви го раскажам“.

ИНТЕРЕСНИ АНЕГДОТИ ОД АВТОБИОГРАФИЈАТА НА МИХАЈЛОВИЌ (I ДЕЛ)

1 февруари 2021 - 13:07