Проблемите на Ливерпул во центарот на одбраната продолжија од недела во недела, па на Клоп не му остана ниту еден здрав централен стопер.
Како што е познато, Ван Дајк и Гомез одамна се во аут поради повреди, Матип кој редовно има незгоди ќе го пропушти остатокот од сезоната, а на крај и принудното решение од среден ред Фабињо се повреди.
Последни кои играа стопери беа Џордан Хендерсон или неискусните Нејт Филипс и Рис Вилијамс. Германскиот стратег цел јануари зборуваше дека нема да купува нов стопер и дека ќе може да тераат вака, но повредите на Матип и Фабињо му сменија мислење.
Тргна Ливерпул во финишот од преодниот рок да најде стопери и потпиша договор со извесен Бен Дејвис од Престон Норт Енд.
Дејвис е стопер кој може да игра и лев бек. Има 25 години, висок е 185 сантиметри. Почнал со фудбал во Престон, а бил на позајмици во Јорк Сити, Транмере, Саутпорт, Њупорт и Флитвуд.
Никогаш во кариерата не играл повисоко од Чемпионшип.
Во прв тим на Престон станал стандарден во сезоната 2017/2018. Ливерпул уште од тоа време го следел неговиот развој а пред неколку години го барале и Селтик, Борнмут, Манчестер Сити и клубови од Бундеслига.
Но сериозните проблеми на Ливерпул со одбраната ги натераа „црвените“ што поскоро да го донесат на „Енфилд“.
"The opportunity that is in front of me is incredible. I’d be silly to not make the most of it and learn off the players." 💪
— Liverpool FC (@LFC) February 1, 2021
🎥 The first exclusive interview with @BenDavies1108 is now available to watch on @LFCTV GO...
Шампионот на Англија на Престон му платил 500.000 фунти сега и уште 1,1 милиони фунти во вид на бонуси. Притоа договориле и 20% од следната продажба да добие второлигашот.
Во спротивен правец отишол младиот Холанѓанец Сеп Ван Ден Берг кој до крајот од сезоната ќе биде позајмен со можност за уште една година.
Стручниот штаб на Ливерпул се решил за овој анонимен фудбалер затоа што е искусен бек кој знае и да тргне во напад или да проигра долга топка до офанзивците.
Во последните две сезони Дејвис пропуштил само 3 месеци поради повреда. Последен пат во есента лани отсуствувал.
Најинтересен факт изнел новинарот Нил Џонс кој пред неколку години го интервјуирал Рис Вилијамс, младиот бек на Ливерпул кој за пола година поминал пат од нисколигашот Кидерминстер до прв тим на Ливерпул.
Рис е роден во Престон и кога новинарот го прашал од кого зема пример во играта, тој рекол од Бен Дејвис.
„Во Престон игра еден дечко, се вика Бен Дејвис. Тој ги поминал сите возрасни категории и стигнал до прв тим. Многу пати го праќаа на позајмици но сега е најдобриот и најстабилен играч на клубот. Стана пример за мене како бек може од аматерска лига да се пробие до врвот. Бен помина пат кој мене ми претстои“.
Во меѓувреме Ливерпул реши да не се потпре само на Дејвис, туку од Шалке на позајмица го договори стоперот кого пред 2 години го бараше пола Европа, Озан Кабак.