Херојот на денот ни доаѓа од Брегалница Делчево

Не е Брегалница Штип, туку Брегалница Делчево и не е Никола Маркоски ракометарот, туку Никола Марковски фудбалерот. И ова херој на денот е малку. Херој на годината е.

Никола е роден на 11 ноември 2002-ра со инвалидитет. Има една рака, но јуначко срце и тој е веројатно единствениот фудбалер во Македонија со ваква храброст, па и упорност.

Член е на Брегалница Делчево која е лидер во Трета лига исток, но немој да мислите дека само фигурира како член, напротив во есенскиот дел од сезоната даде и два гола на мечот против Работник кој го доија со 6:1.

Со топката е од мал, со тренирање стартувал на 12 години и веќе на 15 заиграл за младинскиот тим на Брегалница. Поддршка добива од неговиот постар брат му Виктор кој игра во втора лига за Каменица Саса.

Знаеш што Никола?

ФБ страната на неговиот клуб 

1 февруари 2021 - 11:22