До 72' минута од дуелот меѓу тимови познати само на верните кладилничари, Рос Каунти и Мадервил, резултатот беше 1:1. Во тој момент после еден корнер, необично високо скокна гостинскиот стопер Бивис Мугаби и даде гол за 1:2.
The Ugandan prince wins it 🎯@B_M321 pic.twitter.com/ynYJDN2Lqk
— Motherwell FC (@MotherwellFC) January 28, 2021
Мугамби е фудбалер од Уганда. Неговиот гол беше победнички, а тој подоцна дознал дека скокнал повисоко дури и од Кристијано Роналдо кој важи за еден од најдобрите скокачи во фудбалот.
Во 2019-та година Португалецот на меч против Сампдорија во Џенова се одрази дури 71 сантиметар, а топката со глава ја удри на висина од 2,56 метри. Мугаби скокнал 4 сантиметри повеќе - ја удрил топката на висина од 2,62 метри.
Бевис Мугаби е висок 1,87
It's official.
— Motherwell FC (@MotherwellFC) January 29, 2021
Bevis Mugabi jumped higher than Cristiano Ronaldo for his winning goal 🤯@B_M321@Cristiano pic.twitter.com/veJPhGGaMF
„Он е многу конкурентен дечко, па можно е да му се јавам и лично да му кажам: „Бро, треба да ја унапредиш играта. Телефонот постојано ми ѕвони од средата, ама не е страшно“, се шегува Мугаби (25) дека ќе му ѕвонел на Роналдо.
„Пријатно е кога те споредуваат со еден од најголемите играчи на сите времиња. Можноста да се скокне високо како него е лудо нешто. После мечот браќата ми пишаа за скокот, а јас на самиот дуел не ни знаев колку високо сум рипнал“.
Мугаби е роден во Лондон во семејство на мигранти од Уганда па игра за репрезентацијата на оваа африканска земја.
Како мал тренирал во Фулам и Саутемптон, а во сениорски фудбал играл само во четвртата англиска лига за Јеовил Таун. Од летото 2019-та е во Мадервил каде игра стопер во тандем со капитенот Деклан Галахер.
Во клубот го викаат принцот од Уганда
„Секогаш сум имал добар скок, но никој немаше шанса да види. Работам на тоа во теретана, скокам и секогаш се трудам да ја подобрам играта. Ова е убав момент но позадоволен сум од резултат отколку со голот“, признава Мугаби.
Ова била прва победа за Мадервил дури од октомври лани, прва под новиот тренер Грем Александер и први бодови сезонава освоени откако губеле со 1:0.
Мадервил е на 10. место од 12 екипи во Шкотска.