Фудбал

Мурињо се заигра со Инстаграм, му се уарнија лајкови и коментари

Ако со години важеше за еден од поригорозните тренери кој конзервативно се држи до старите методи на работа, Жозе Мурињо откако е дојден во Тотенхем оди во чекор со модерните текови. Направи и Инстаграм профил на кој често објавуа сè она што објавуваат и младите.

Ги извреѓаа

Астон Вила синоќа му нанесе убедлив пораз на Арсенал од 0:3. Резултатот го отворија во 25-та минута по еден несфатлив млак начин на играње одбрана. Рос Баркли и Џек Грилиш си играа мајтап со одбраната за на крај 19 годишниот Бакајо Сака да си даде автогол

Првпат во историјата на Ла Лига, 3 пенали беа досудени против Реал

Иако беше голем фаворит на гостувањето на „Местаља“ пред сè зошто на Валенсија ѝ замина пола екипа пред почетокот на сезоната па тренерот едвај го убедија да остане, Реал Мадрид доживеа кошмар.

Што му се случи на играчов на Арсенал?

Мечот Арсенал - Астон Вила се игра само 15 минути, а Гери Линекер веќе објави видео на Твитер од оваа средба на кое како да ви кажеме. Левиот бек на Арсенал, Киран Тирни се самоуништи.

Во Германија падна лудачки шкорпион-гол

Баер Леверкузен и Борусија Менхенгладбах одиграа спектакл со 7 гола! Домаќинот славеше со 4-3, а конечниот резултат го постави гостинскиот фудбалер Валентино Лазаро со шкорпион-гол. Сигурно конкурент за гол на сезоната во Бундеслига.

Зарем е можно Пандев да не го игра мечот на кариерата за Македонија?

Неубави вести пристигнуваат од Италија во очи на финалето на Македонија против Грузија за пласман на ЕП 2021. 

Не напаѓаме натаму бе глуп

Симоне Инѕаги важи за доста темпераментен тренер кој често скока и трча покрај аут линија. Денеска беше и во улога на асистент во играта на Лацио при изведениот аут на Марушиќ и тоа буквално, а од таа акција Лацио израмни во 95-та против Јуве со помош на неверојатниот џокер Фелипе Каиседо.

Кој ли ги тренира овдешните голмани?

Просто нема коло во најдобрата македонска фудбалска лига а да не се појави некое видео со голмански кикс. До толку киксови што се направи и една компилација.

Брат му на Руни како Вејн на времето - од пола терен

Џон Руни е шест години помлад од брат му Вејн. Игра за нисколигашот Стокпорт и денес го запозна фудбалскиот свет подобро со него. Во 1. рунда на ФА Купот постигна лудница од гол од пола терен против Рочдејл.

Фулам изгуби поради најглупиот пенал на сезоната

Вест Хем и Фулам 91 минута играа фудбал без ниеден гол, а тогаш домаќинот поведе преку Томаш Сучек. Во последните секунди од продолжението Фулам добива пенал кој запна да го изведе Адемола Лукман. И мангупот пробува паненка.

Марко го урна Фенербахче со врвни ножички

Коњаспор со 0:2 го совлада лидерот во Турција Фенербахче. Мрежата им ја начна Марко Јевтовиќ со фантастични „маказици“ кои уште долго ќе се вртат по хајлајтсите на сезоната во турската Суперлига.

На голманот на Струга му помина вовче кроз нозе

Македонска фудбалска сцена = светска бламажа, ништо ново за мак фудбалот нели? Струга имаше 2:1 против Вардар, ама се до 96-та минута кога Дејан Блажевски изведе еден млак слободен удар, топка која голман треба со заби да ја фати. Урош Ѓуриќ интервенираше како од вчера да е голман.

Лотито го прогласи вирусот за умрено

Претседателот на Лацио дефинитивно може да се смета за Доналд Трамп меѓу претседателите на фудбалски клубови. Веќе неколку дена е карамкаша со тестовите во римскиот клуб.

Србите се надминаа, за 7 секунди одиграа натпревар

На сите балкански лакрдии кои сме ги виделе до сега, ова е врвот. На нисколигашки меч меѓу Врело Спорт и Спартак Љиг гостите допатуваа со само 7 играчи и за да избегнат дебакл, најдоа начин како мечот веднаш да биде прекинат. Со лажење дека еден не може да продолжи.

Да ти е Гатузо тренер дали ќе изведеш ваков пенал

Нотингем Форест го пречека Викомб во Чемпионшип. Поведе домаќинот во 30' минута, гостите израмнија во 57' и до 90+7' немаше гол. А тогаш пенал за Нотингем кој реши да го изведе Лил Тејлор. Чаламџиски. И не му е првпат.

Кога Рамос ќе те фаулира, ти си крив

Капитенот на Реал Мадрид, до толку знае да биде “срцка“, што и два дена по негов настап излегуваат видеа на кои се гледа неговото беспрекорно коректно однесување. „Стани кучкин син, престани да врескаш како глушец“, му рече на Хакими од Интер со кој играа заедно.

Ритуалите на Роналдо за топ форма со 6 оброка и 5 дремки на ден

Не се гледа секој ден играч од карантин одма на прв натпревар да се врати со два гола, напротив нормално е малку да закржлави бидејќи седел дома и не тренирал со екипата. Ама работата е што него и седењето дома му се состои од строги правила.

Кој е 23-годишниот Турчин кој го уништи Милан на Сан Сиро со 3 гола?

На најдолгата серија без пораз на Милан во последните 24 години ѝ дојде крај. Тимот предводен од Пиоли не изгуби од 8 март (18 победи и 6 нерешени). Ама во четвртокот вечер им пристигна Јусуф Јазичи.

„Ме мрзеше да трчам, па станав голман“ - патот на сензацијата од Динамо Киев

Динамо Киев поради позитивни тестови во Барселона отпатува без 11 првотимци меѓу кои и двајцата први голмани - Денис Бојко и Георгиј Бушан. Во таква ситуација шанса доби еден 18-годишник на кој му се падна да дебитира во Лига на шампиони против големата Барселона.

На некои акции циркус не им е рамен

Кога ќе почне карамбол оди па расчисти го. Ја рогаат еден од друг, промашуваат цел фудбал, се лизгаат, паѓаат, гаѓаат стативи. Овде фалат уште тигри, мајмуни и лавови за циркусот да биде комплетен.

Значи со два живи ѕидови му е мајката

Застанете пред нив за да ги маркарите и него и голманот, потоа само клекнете, а чичо ќе им направи Роналдињовка и тепаме. Александар Катаи тоа го направи со мозок, а не на сила за Црвена Звезда - Гент, конечни 2:1.

Браво Дејане

Од големиот чаршав на 24 натпревари од натпреварите во Лига Европа голем впечаток ни остави едно голчиште од мечот Рапид Виена - Дандолк 4:3, единствен каде падна седмица. Го даде 23 годишниот Дејан Љубичиќ кој успеа да испали проектил без залет. 

Се јавуваме од Виљареал, услови за игра нормални

Мечот Виљареал - Макаби Тел Авив од 3. коло во Лига Европа беше одложен на неколку часа, па се доигра и домаќинот победи со 4:0. „Естадио де ла Керамика“ и теренот беа во склад со прекарот на клубот „жолта подморница“.