Мечот Виљареал - Макаби Тел Авив од 3. коло во Лига Европа беше одложен на неколку часа, па се доигра и домаќинот победи со 4:0. „Естадио де ла Керамика“ и теренот беа во склад со прекарот на клубот „жолта подморница“.
Еврокуповите се врхунски турнири особено кога во една сезона некој аутсајдер ќе дотурка најдалеку од сите и ќе направи сензација. Таква беше приказната со луцидните Монако и Депортиво Ла Коруња.
Играа заедно 11 години, се радуваа заедно на 14 трофеи, ама кога во 2005-та Фил направи трансфер во Евертон, а Гери остана во Јунајтед, браќа да, може, ама после утакмица. Сега фокусот е 3 бода и ништо друго.
Во отсуство на Мбапе, Нејмар и Икарди, предводник на нападот на ПСЖ против Лајпциг беше Моис Кин. Младиот италијански напаѓач кој претходно играше во Евертон и Јуве, не направи ништо посебно за петкава вака сам да се поништи.
Мирчеа Луческу е жива легенда и еден од највозрасните активни тренери кој четири децении дели памет на фудбалери. Без суета, му пријде и му го побара дресот на еден од најголемите играчи, а овој мангупски постапи.
Изненадување на вечерта во Лига на шампиони беше неочекуваната победа на Истанбул Башакшехир над Манчестер Јунајтед 2:1. Ова е прва победа на младиот турски клуб во Лига на шампиони.
Не можеш да му најдеш НЗС на Манчестер Јунајтед. Дома примаат 6 парчиња од Тотенхем, па го тепаат ПСЖ на гости. Потоа го газат дома Лајпциг, па го јадат од Арсенал. Три дена подоцна на Башакшехир му одиграа во одбрана која недозволива во јуниорска категорија.
На мечот во Истанбул каде Манчестер изгуби од Башакшехир со 2:1, во Лига на шампиони дебитираше младиот 23-годишен голман на Јунајтед Дин Хендерсон кој му е резерва на Де Хеа.
18 годишниот Руслан Нешчерет сигурно не спиел две ноќи по ред. Првата затоа што ќе треба да брани против Барселона во ЛШ, а втората бидејќи на Меси му фати чудесија од слободен удар.
Фудбалот стварно знае да режира чудни нешта. Пред мечот со Барселона, Динамо Киев останува без 13 првотимци (9 позитивни, 3 повреди и 1 суспензија). Намерата им е што помалку да ја вадат топката од мрежа. На крај губат само со 2-1, а јунак на вечерта беше 18-годишниот Руслан Нешчерет кого принудно го прекомандувале од Б тимот и кој до пред 2 дена не ни сонувал дека ќе брани против Меси.
Како ретко кога, вечерва во Лига на шампиони беа досудени 6 пенали од кои 5 се реализираа и се доделија 4 црвени картони. Челси и Јувентус сигурни, Барселона климаво и едвај против кутриот Динамо Киев, Севиља до луд пресврт со играч помалку.
Динамо Киев допатува со само 13 фудбалери во Барселона поради тоа што еден куп играчи биле позитивни на вирусот. Им се предвидуваше катастрофа а во првите 45 минути примија само 1 гол и тоа од пенал реализиран од Меси. А можеше да биде 2:0.
Со фантастична игра турскиот шампион го урна тимот на Солскјер кој продолжува по системот топло-ладно. „Црвените ѓаволи“ во последно може секого да победат, но и од секого да изгубат. Лацио кој играше без клучните играчи Имобиле, Леива, Стракоша, Луис Алберто, освои бод во Русија.
Пасквале Бруно важи за еден од најгрубите фудбалери кој играл во Италија. Со Јувентус освоил Куп на УЕФА и Куп на Италија,со Торино Куп на УЕФА, играл уште и за неколку италијански клубови, па патот го носи во соодветната за него Британија. За Кристијано вели дека е игнорант кој цели 3 години не кажал збор на италијански.
Сезоната 1990/1991 од КЕШ е неисцрпна тема на нашиве простори. Буди многу емоции, особено кај ју носталгичарите кои се посебно горди што едно семејство составено од Срби, Македонци, Хрвати, Црногорци...му покажаа на светот како се игра фудбал.
На само неколку часа пред мечот со Лајпциг во Германија, левиот бек на Парижаните, Левен Курзава на стори објави видео на кое се гледа како скоро пола екипа се заглавила во лифт во хотелот во Германија. Чекале повеќе од 1 час да ги одглават службите. Најмногу се исплашил Марко Верати.
Интер синоќа стана еден од ретките клубови (АЕК, Борусија Дортмунд 2х и ПСЖ) кои успеале после 2-0 во Мадрид да му се вратат на Реал со 2-2. Ама не издржаа дечките на Конте и на крај изгубија 3-2. Еден од најубавите моменти на мечот беше асистенцијата на италијанскиот репрезентативец Николо Барела до Лаутаро Мартинез.
На светот на спортот а и пошироко, олеснувачки делуваа зборовоите на познатиот аргентински доктор Леополд Луке кој изјави дека Диего е успешно опериран и дека се чувствува многу добро.
Ајакс го отвори резултатот со Мидтјиланд на гости уште во 47 секунда кога Промес, Тадиќ и Антони тргнаа во брз напад, а Бразилецот реализираше. Но тоа не беше најинтересен момент од првиот дел. Во 11' минута Ајакс доби индиректен удар откако играч на домашните му ја врати топката на голманот Микел Андерсен а овој ја фати со рака.
Серхио Рамос синоќа стигна до јубилејниот гол број 100 во дресот на Реал Мадрид. Се наметна како лидер и стана симбол на клубот со кој освои сè и сигурно е еден од најјаките дефанзивци во свет. Ама мава гадот, без пардон мава и тоа шпиунски. Изгледа од Јеро учел.
Реал Мадрид го доби дербито во групата против Интер и се врати во живот во борбата за топ 16. Можеа многу лесно да слават и 4:2, ако Бензема не се истепаше со топката.
Локомотив Москва одигра 1:1 против Атлетико Мадрид откако израмни од пенал во 25-та минута од првиот дел или 7 минути по примениот гол. Судијата гледаше на монитор дали има прекршок од 11 метри, а Суарез изигруваше негов помошник.
Вечерашниот германски стил на гостинско дробење, по Менхенгладбах го продолжи Баерн кој со 2:6 го сомеле Салцбург. Дури 4 им дадоа во последните 13 минути. Момците на Клоп испукнаа петарда во Бергамо, Интер без победа и по три кола, а Сити, Ајакс и Порто славеа како фаворити.