Објаснување зошто Ибрахимовиќ му викал на Лукаку да прави вуду магии

Одамна не сме гледале така жестоко миланско дерби како во вторникот вечер во Купот на Италија. Интер славеше 2-1 со гол од слободен на Ериксен во 90+7' минута, а мечот го одбележи бурната расправија на Ибрахимовиќ и Лукаку.

Златан и Ромелу Лукаку се најдоа еден краток временски период во Манчестер Јунајтед каде Швеѓанецот со босански корени редовно го фалеше Белгиецот дека многу му ја олеснува работата и дека кога го гледа на тренинзи како гризе, го мотивира и него да работи уште понапорно.

Понатаму во кариерите секој тргна по свој пат. Ибра отиде во САД, па се врати во Милан а Лукаку во градскиот ривал Интер.

Синоќа на „Џузепе Меаца“ ептен ја спукаа. Лукаку прво влезе во расправија со Ромањоли за еден ситен прекршок и тоа го изиритира Ибрахимовиќ:

„Иди прави вуду магии, ти мало магаре, иди вуду да правиш“.

Ова на прва делуваше како расистички испад, но Златан подоцна потсетил на епизодата на Ромелу од Евертон. Имено во 2018-та година претседателот на Евертон Фарад Мошири откри една необична анегодта за трансферот на Лукаку во Челси кај Жозе Мурињо.

„Две лета по ред потрошив во обидот да го задржам. За време на првиот обид, три месеци зборев со неговиот менаџер, со него лично, со мајка му, со фамилијата и успеавме да го задржиме уште една година.

Вториот пат, минатото лето му понудивме побогат договор од оној што му го нудеше Челси, пробавме да направиме се за да го задржиме, ако ви кажам што се му понудивме да остане нема да ви се верува. Неговиот менаџер беше спремен да потпишеме договор, ама за време на клучниот состанок Ромелу се јави кај мајка му која беше на аџилак во Африка или не знам каде. И поради нешто поврзано со вуду му кажала дека треба да оди во Челси“, раскажал претседателот на Евертон.

На крајот Лукаку не се врати тој преоден рок во Челси но се сврте кон Манчестер Јунајтед.

„Одлуката на Ромелу нема врска со вуду и сега гледа какви правни акции може да преземе во однос на тоа прашање. Ромелу е голем католик и вуду нема ништо со неговиот живот ни со неговата вера. Едноставно не верува во проектот на Евертон и нема доверба во Мошири, ете зошто не сакаше да потпише“, изјавил тогашниот агент на Ромелу за БиБиСи. 

ГОЛЕМ ИСПАД НА ИБРАХИМОВИЌ, КАМЕРИ ГО СНИМИЈА ШТО МУ КАЖА НА ЛУКАКУ

 МАГИЈАТА НА ЕРИКСЕН ЗА ГОЛЕМ ТРИУМФ НА ИНТЕР

27 јануари 2021 - 09:19