Фудбал

Карим бе што направи?

Реал Мадрид го доби дербито во групата против Интер и се врати во живот во борбата за топ 16. Можеа многу лесно да слават и 4:2, ако Бензема не се истепаше со топката.

Само Суарез може да добие ваков глуп жолт картон

Локомотив Москва одигра 1:1 против Атлетико Мадрид откако израмни од пенал во 25-та минута од првиот дел или 7 минути по примениот гол. Судијата гледаше на монитор дали има прекршок од 11 метри, а Суарез изигруваше негов помошник.

Баерн и Ливерпул ненаситни на гости, Реал го реши Интер

Вечерашниот германски стил на гостинско дробење, по Менхенгладбах го продолжи Баерн кој со 2:6 го сомеле Салцбург. Дури 4 им дадоа во последните 13 минути. Момците на Клоп испукнаа петарда во Бергамо, Интер без победа и по три кола, а Сити, Ајакс и Порто славеа како фаворити.

Потоп на Шахтјор, 0:6 загубија од Борусија Менхегладбах

Можеби некои ги сметаа за аутсајдери во групата Б бидејќи беа во четвртиот шешир, но Германците одиграа реми со Реал и Интер, а вечерва го понижија Шахтјор Доњецк со 6 комада од кои 4 на полувреме. Хет трик на Французинот Алесане Плеа. Атлетико ремизираше во Москва.

Би поверувале дека Баерн Минхен бил некогаш елиминиран од Норич?

Да и тоа се има случено. Германскиот гигант кој пред 10 години настрада од Пандев во ЛШ, загуби од Норич во Купот на УЕФА, ама не баш скоро, туку во времето кога Панчев играше за Интер.

Случајот со Имобиле ја покажува целата конфузија: негативен во Серија А, позитивен за УЕФА

Пази ова: според правилата на Серија А Чиро Имобиле е здрав, негативен на тест и може да игра. Според правилата на УЕФА е болен и не може да игра еврокупови. Кој кого овде?

Омилениот играч на Гвардиола кој играше финале на ЛШ, а сега завршува во регионална лига

Холгер Бадштубер е еден од оние играчи на кои кариерата не му отиде по пат по каков сакаше да му оди. Или требаше да му оди. Или едноставно мораше. Со истрајност и борбен дух дури 6 пати се врати на терен после многу тешки повреди. На крајот мораше да ја прифати малерозната судбина.

Третата гарнитура дресови на Барса која многу ги нервира играчите

Во потрага по нов дизајн во разни бои на дресови кои би биле уште попривлечни за навивачите, големите светски клубови малку како да застранија, па така гледаме гарнитури кои никогаш не биле препознатлив знак на одредени клубови.

Го знаете ли вие клубот по име ФК Слободен?

Јак муабет падна на Твитер, прејак, а темата е името на клубот на кој внимавајте и вие да не клизнете.

Судија прими ја бе, што се срамиш?

Се местеше, најде позиција од каде можеше како Фиго да му ја свитка на голманот на втора и на крај се усрами. Штета, а можеше да стекне светска слава како судија. Комичниот момент ни од доаѓа од мечот Варта Познан - Легија Варшава.

Тотенхем ќе пробува тестови за вирусот со резултат за 30 секунди

На сите спортски колективи и тоа како им фалат гледачите, песната на навивачите, публиката, па многу топ европски лиги се обидуваат да ги отворат своите стадиони во скоро време.

Херојот на Лацио кој од сенка ги уништува противниците во 90+

Тешко е да бидеш ѕвезда во лига каде играат ликови од типот на Златан Ибрахимовиќ и Кристијано Роналдо. Ама па него уво не го боли за споредби, туку чека само Инѕаги да му рече „Ајде влагај“ и потоа им го вади во шеснаесетник, капацитетот за решавање натпревари во судиско.

Бразилски пас за кој сите зборуваат во Бундеслигата

Не е секој играч кадарен да може вака неприродно да ги вкрсти нозете и да направи ваква совршена рабона. Погледнете го 21 годишниот Бразилец Матеус Куња од Херта. За ова треба тренинг, но и спонтаност. Ај што му ја даде, него и топката се уштека во место баш кога требаше.

Не е лесно да си навивач на Партизан

Навивачите на Партизан во последните години викаат дека без седативи за смирување не седнувале да го гледаат нивниот фудбалски, а посебно не кошаркарскиот тим. Видеово треба/мора да го одгледате до крај за да сфатите зошто:

Роналдо се опорави од корона, па даде гол за 126 секунди и плус паненка

Во Италија минатиов викенд го одбележа кој друг ако не Златан Ибрахимовиќ со фантастичен гол за победа, ама и враќањето на Кристијано Роналдо после изолацијата.

Крикот на најтешката спортска повреда

Без публика и со ехо слушнете до колку боли кога играч ќе скине лигаменти на колено. Страшно. Инаку се работи за големиот талент Зињо Ванхојсден кој Стандард му го плати на Интер 12,5 милиони, што е рекорден трансфер во Белгија.

Голмански од сјај до очај за 1 минута

Дава гол во стил на најдобрите плејмејкери во 90+5та минута од мечот, па му се случува нешто што ни на крај памет не му падна. Голманот на Вињарос против Пенискола во младинската шпанска лига Примера Регионал.

Кандидат за гол на годината во Европа

Луд меч во Холандија одиграа Емен и Феенорд. Домаќинот два пати водеше и тоа со играч помалку поради црвен картон во 36' минута, ама гостите се извадија и на крај славеа 2:3 со гол во 90'+4 минута. Погледнете го голов на Микаел Де Леув во 42' минута:

Дени Ингс ужива да фрла голмани со евроголови

После толку време во Ливерпул и Барнли некој би помислил дека англискиот шпиц има 30 и кусур години и е пред пензија. А тој има 28 години и сезонава блеска: 5 гола и 2 асистенции во 7 кола за Саутемптон кој во моментов е на место кое води во Европа.

Ретко виден пенал во Хрватска

Кроација - Цибалија, втора лига на Хрватска. Во последните минути од мечот додека гостите водат со 0-1, домаќинот добива пенал. Решава да го изведе Томислав Мркоњиќ, најдобриот играч на домаќините кој почнува да си врзува копачки и да мести штуцни.

Феноменалниот кам бек на Ибра после коронавирусот со 5 гола

Што и да каже и колку и да се прави џек на твитер или пред камери, има право. Целосно покритие за тоа што го зборува му е импресивната игра зачинета со голови и асистенции со кои Милан не знае за пораз.

Понижувачки гол на Сасуоло против Наполи

Сасуоло е една од трите екипи заедно со Јуве и Милан која нема пораз после 6 кола во Серија А. Денеска го изненади Наполи на гости со 0:2, a погледнете што им направи на крај 22 годишниот Максим Лопез кој го земаа на позајмица од Марсеј пред неполн месец.

Пикот во Италија не му може ништо на Бобо Виери

Италијанците повторно се враќаат на драматични бројки со преку 30.000 заболени на ден, што е рекорд за нивна територија. Славниот Виери кој работи како кокоментатор, најде начин како да оди на работа.

Како Клоп одговараше на квиз прашања во 90-те

Тука е фудбалер, далеку помалку познат од сега како топ тренер, ама пак умее да насмее публика. Погледнете каков редослед им фати на одговорите.