Шкотскиот фудбалски клуб Ливингстон, познат во овие краишта преку обложувалниците, реши да се консултира со своите навивачи околу останокот на еден од голманите во клубот
Баерн ја победи Борусија во Дортмунд со 0-1 по фантастичниот лоб-гол на Џошуа Кимих, ама Баварците за трите бода и сега +7 пред Борусија треба да му се благодарни најмногу на левиот бек Алфонсо Дејвис.
Буквално во последните секунди од мечот Јан Регензбург - Нирнберг (2:2) во германската втора Бундеслига, по еден циркус во домашниот шеснаесетник, Тим Книпинг си даде ефектен автогол со глава и му дозволи на Нирнберг да однесе вреден бод во борбата за опстанок.
На Копа Америка 2019, големо дерби Чиле против Уругвај. На теренот ѕвезди како Форлан, Кавани, Суарез, Алексис Санчез, Видал, Клаудио Браво. Во еден момент од првиот дел, Суарез пробува да го зезне Браво па уште и бара играње со рака од него.
Во 1994-та година Џани Ањели конечно излезе од стагнација (8 години беа без скудето) со еден потег: го назначи за директор Лучано Моџи. Во следните 12 години Јувентус освои 15 пехари.
Француските власти се во шок откако на Интернет се појавија видеа и фотографии на кои се гледа како стотици навивачи гледаат нелегален фудбалски меч и влетуваат во терен.
По скоро два месеци пауза без тренинзи во клубот, Кристијано се врати од Португалија и веќе неколку дена тренира во базата на Јуве каде се спремаат за продолжување на Серија А.
Двата најголеми германски клубови, Борусија Дортмунд и Баерн Минхен вечерва од 18:30 ќе се судрат на „Сигнал Идуна Парк“ во 28. коло од Бундеслигата. Овој Der Klassiker би можел да ја одлучи борбата за титулата
Финале на Лига на шампиони 2018-та. Реал Мадрид го издоминира Ливерпул во Киев а круна на доминацијата беше страшниот гол на Велшанецот само 3 минути откако влезе во игра. Ова чудо од голчиште беше за 2:1 во 64“, а Бејл до крај даде уште еден во 83' минута за конечни 3-1.
На епското финале во Истанбул на денешен ден во 2005-та година, на стадионот „Ататурк“, Јиржи Дудек во продолженија при резултат 3:3 прави нешто необјасниво. После на пенали бранеше како луд и Ливерпул стана европски шампион.
Викендов се одигрува ново коло по рестартот на Бундеслигата. Во саботата 5 меча, денес 3. На дуелот Шалке - Аугзбург уште во 5' минута гостинскиот играч Едуард Ловен имаше мајсторија од слободен удар.
Фудбалерите на европскиот шампион Ливерпул меѓу првите клубови во Топ5 лигите во Европа започнаа со активни тренинзи и се спремаат за продолжение на Премиер лигата во јуни. Главен лик на тренинзите за сега е Вирџил Ван Дајк.
Шпанските прволигаши веќе неколку денови се во полн тренинг и се спремаат за рестарт на Ла Лига, најверојатно на 8-ми или од 12-ти јуни. Енис Барди на тренинг 3х3 направи мало шоу и покажа дека е во солидна форма.
Слично како и во другите пар земји кои продолжија или воопшто не запреа со фудбал за време на глобалната пандемија, без гледачи, со кукли на дување, картонски фигури и навивачки песни и аплаузи пуштани од разглас.
Златан периодов е на релација Шведска-Италија, Милано-Стокхолм. Час тренира со Хамарби, клубот во кој неодамна купи пакет акции, час тренира со Милан, клубот со кој е под договор. Додека се прават планови како да продолжи Серија А, Ибра се вози со своето Ferrari Monza SP2 вредно 2 милиони евра.
Интер слави јубилеј 10-годишнина од најуспешната сезона во клупската историја. За тоа какви ѕверки тогаш играа за нераѕурите говори и фактот што на клупа и на трибини беа Марио Балотели и Марко Арнаутовиќ, двајца врвни фудбалери кои беа исто толку блесави.
На 22 мај 2010-та година, неверојатната генерација фудбалери на Интер ја освоија тн. триплета, т.е. тројна круна (Серија А, Лига на шампиони, Куп на Италија). Една од главните карики на тимот предводен од Мурињо беше и Горан Пандев кој во финалето на „Сантијаго Бернабеу“ одигра 79 минути.
Реал Мадрид го користи карантинот на најдобар можен начин, мошне продуктивно. Додека фудбалот е на пауза, клубот реши активно да го реконструира храмот на светскиот фудбал „Сантијаго Бернабеу“.
Вие сигурно сте го виделе интервјуто на Ерлинг Халанд после мечот Борусија - Шалке (4:0) кога се возобнови германската Бундеслига. Малиот збори нормално и во еден момент почнува да одговара помалку безобразно отсечно.
Во Европа периодов фудбал се игра само во Германија, Белорусија и на Фарски Острови. Белорусите се единствени кои не запреа за време на глобалната пандемија, а таму на мечот Динамо Брест - Бате Борисов (1:3), домашниот играч Павел Савицки при резултат 1:1 промаши нешто што ни на сон не се промашува.
Клубот од селото Враништа, струшко, кој се натпреварува во македонската трета лига - Југозапад излезе со соопштение на својот Фејсбук профил и ги замоли мештаните да внимаваат каде ги носат кравите на испаша, а воедно и предупреди:
Освои 5 титули во Премиер, 4 ФА Купа, Лига на шампиони, Лига Европа, долги години беше капитен, икона со преку 500 настапи за Челси и најдобар стрелец меѓу дефанзивците во историјата на овој клуб. Ама едно лизгање ќе го прати цел живот.