Каков меч на „Олимпискиот стадион“ во Севиља на кој парадоксално никогаш не се играла Олимпијада и кој ретко го користи шпанската фудбалска репрезентација.
Сјајниот стратег Марселињо ќе се памети како тренер кој во само пар дена ги сруши и Реал Мадрид и Барселона и освои Супер Куп. А седна на клупата на Атлетик пред неколку денови.
Марселињо е човекот кој со Валенсија ја победи Барселона во финалето на Купот на Шпанија во 2019-та.
За Баскијците ова е трет Суперкуп. Претходниот трофеј во Суперкупот го освоија пред шест години кога исто ја совладаа Барселона.
Капитенот и симбол на Билбао Икер Муниаин имаше две асистенции за три минути: прво до јунакот Асиер Виљалибре во 90' минута за 2:2 а после за победничкиот eврогол на Ињаки Вилијамс:
Let's all just take a moment to appreciate THIS scorcher from Athletic Club's Iñaki Williams last night.pic.twitter.com/PYUCO2WQzK
— Twenty3 (@Twenty3sport) January 18, 2021
Првиот црномурен фудбалер во историјата на Атлетик го постигна својот 5-ти гол против Барселона во кариерата, на ниту еден друг противник не му дал толку голови.
На последните два меѓусебни натпревари Атлетик Билбао и Барселона постигнаа 10 гола. Каталонците сезонава по трет пат примаат три гола: претходно од Реал и од Јувентус.
Ако Ињаки Вилијамс е играч на мечот и МВП на финалето, тогаш големо признание оди и за Асиер Виљалибре, 23-годишниот напаѓач кој го сврте текот на мечот со гол за 2:2.
Во продолженијата Виљалибре одигра одличен фудбал, неколку пати ги примора фудбалерите на Барса грубо да го фаулираат а по еден таков прекршок првиот црвен картон по 753 меча доби Лионел Меси.
После судиската свирка за крај, Лионел остана во соблекувалната, а Виљалибре свиреше на труба со соиграчите кои го славеа вредниот пехар.
🔴⚪️ ¡𝗘𝗦𝗧𝗢 𝗘𝗦 𝗔𝗧𝗛𝗟𝗘𝗧𝗜𝗖!
— Athletic Club (@AthleticClub) January 17, 2021
🏆 #DenonAmetsa 💭 #BiziAmetsa #AthleticClub 🦁 pic.twitter.com/OZ9TWueNV3