Кога ќе почна дете да решета со такво темпо за клуб кој игра во ЛШ, светлото кај европските гиганти се пали по автоматизам. Во 2019/2020, ама внимавајте до полусезона, Халанд на 22 средби имаше на конто 28 гола. Луда работа. 16 во првенство, 4 во Куп и 8 во Лига на шампиони.
И само колку за потсетување лани во јануари привилегијата да го ќари ја имаше Борусија Дортмунд кој за 19 годишниот голем талент му изброи на Салцбург 20 милиони евра. Хронолошки малиот по години, сега има 20, а сепак голем 194см и плус корпулентен напаѓач на сам почеток на кариера ги оствари следниве успеси.
- Втор тинејџер во ЛШ со гол на првите три настапи по Карим Бензема, откако погоди против Ливерпул и Наполи.
- Потоа стана прв играч кој успеал да постигне 6 гола на првите три меча во ЛШ.
- Стана прв стрелец меѓу тинејџерите со гол на првите четири меча и четврти играч после Ѕе Карлос, Дел Пјеро и Диего Коста.
- Следуваше гол на петти меч во низа со што влезе во друштво на Дел Пјеро, Ребров, Нејмар, Роналдо и Левандовски.
- Втор играч на Борусија после Обамејанг со хет-трик на деби во Бундеслига.
-Прв играч во Бундеслига со 5 гола после први два меча.
-Во минатогодишното осминафинале против ПСЖ ги постигна двата гола и стигна до 10 гола во ЛШ на осум настапи, 8 за Салцбург и 2 за Борусија.
- Пред два месеци на мечот со Клуб Бриж стана прв играч кој успеал да постигне 16 гола на првите 12 меча во ЛШ.
А сега бундеслигашкото деби на гостувањето против Аусбург кои имаа водство 3:1 до 55-та минута по што следуваше хет-трикот на Халанд (59`, 70`, 79`), како и гол на Санчо во 61-ва.
One year ago today, Erling Haaland made his Borussia Dortmund debut.
— ESPN FC (@ESPNFC) January 18, 2021
23 minutes after coming off the bench, he had his first Bundesliga hat trick 😳
(via @Bundesliga_EN)pic.twitter.com/kPGsvniSYX