Само неколку дена откако Барселона го совлада Атлетик Билбао на гости во првенство, Баскијците во финалето на Супер Купот им вратија со иста мера од 2:3. Барселона го имаше мечот во свои раце, но Атлетик израмни во 90-та минута за продолженија, а потоа ја завери победата по само 3 минути игра со јак гол на Инаки Вилијамс.