„Едноставно мораше да го ставиш во игра...Каков голем кам бек дома Лука“, напишаа на Твитер профилот на Ајнтрахт Франкфурт обраќајќи му се на Зинедин Зидан кој сезонава во првенство му даде само 4 шанси на Јовиќ.
Српскиот напаѓач очигледно направи погрешен трансфер во средина која очигледно не му одговараше и не добиваше доволно минутажа, а Кралевите летото 2019-та залудно потрошија 60 милиони евра.
Сите пишуваат за статистиката која вели: 32 натпревари – 2 гола за Реал, 32 минути – 2 гола за Ајнтрахт Франкфурт.
Само 10 минути откако влезе во игра во 62-ра против Шалке при резултат 1:1, Јовиќ даде гол за 2:1, а во 92-ра минута ги постави конечните 3:1.
Ајнтрахт ја забележа четвртата победа по ред и сега е на седма позиција во Бундеслигата, а Лука уште на старт си ја враќа самодовербата која ја изгуби во Мадрид.
За Бундеслигашот претходно постигна 36 гола за две сезони, а го освои и Купот на Германија.