Велеслалом на Елмас, цела одбрана ја изработи

Бисерот на македонската фудбалската репрезентација блесна со соло акција во дресот на Наполи. Џенаро Гатузо веројатно почнува да сфаќа дека играч од таков калибарот не е за на клупа.

Наполи ја совлада Парма со 2:0, а голот на колото во Серија А е дело на Елиф Елмас кој со прекрасна соло акција го отвори резултат во 32-та минута.

Гатузо конечно му даде шанса во прв тим и на првенствен натпревар, а тој ја искористи и му возврати со дрзок пробив по кој капитулираше целата гостинска одбрана.

Ова е втор гол за македонскиот репрезентативец во рок од четири дена. Во четвртокот даде убав погодок и на Куп натпреварот против Специја, откако по брзата контра на Инсиње го лобуваше голманот.

Само напред мајсторе.

Голот против Специја.

31 јануари 2021 - 20:29