Капитенот на Наполи во понеделник е забележан на улица како излегува од својот автомобил, а до него стојат неколку луѓе.
Неапол е познат град по кражби на локални бандити кои многу пати не ги поштедиле ниту фудбалерите на нивниот омилен клуб, а им краделе накит и часовници и тоа додека стојат на семафор.
Но ова не е таков случај, напротив Кулибали се појавил за да им подари зимски јакни на неколку сиромашни луѓе од Сенегал, каде е роден тој.
Гестот е едноставен, без никакви најави за паради пред камери и никој немало да дознае ништо, ако не се појавел сведок, инаку навивач на Наполи кој фотографирал и раскажал што се случило.
„Пред два дена околу 13:30 здогледав познат лик, а тоа е нашата карпа во одбрана. Му приоѓам, климам со глава за да го поздравам, тој ми возврати, но беше зафатен. Застанав од љубопитност и забележувам дека им поклонува на луѓето јакни за да ги заштити од студ.
Останав уште малку и по некое време му честитав за тоа што го направи. Многу пати ви судиме за некои ваши изданија на терен, но според мене ова се најдобрите изданија што може да ги направите. Како Наполитанец и навивач на Наполи горд сум на тебе Кулибали“, пишува сведокот на социјалните мрежи.
Инаку сенегалскиот репрезентативец е член на Наполи од 2014-та, кога направи трансфер од Генк.