Елмас е микс од Савичевиќ, Хамшик и Сон и ќе биде еден од најдобрите македонски фудбалери во историјата

Не запираат реакциите по дрскиот соло продор на македонскиот репрезентативец кој еден наполитански медиум го опиша како „гигантски слалом“. Јак наслов имаат и Хрватите, а пак Италијанците му направија интервју на наш поранешен репрезентативец.

За квалитетите, карактерот и иднината на македонскиот фудбалски бисер зборува Виктор Треневски во интервју за наполитанските медиуми, кој инаку пред пет години му беше тренер во Работнички.

Го споредува со тројца славни опасни дриблери и егзекутори, а го истакнува и како голем работник на тренинзите.

„Мислам дека Елмас ќе биде еден од најдобрите фудбалери во историјата на македонскиот фудбал заедно со Дарко Панчев и Горан Пандев. Тоа го велам од пред пет години. Елиф е причината поради која прифатив да бидам тренер на Работнички“,

Во Работнички секогаш го даваше најдоброто од себе на секој тренинг. Ако му кажам пет вежби, тој ќе ги направи сите во еден ден. Тој е момче кој има таков карактер, одлучен е да успее. На него само треба да му се верува.

Има извонредна техника, треба да поработи на шутевите и на некои ситници во завршница, но многу зависи каде игра, а може да игра на сите позиции во средина, но мислам дека е најдобар кога е близу до голот“, додава Треневски.

Елиф е фудбалер, кој ме потсеќа на неколкумина, а би рекол дека е микс од Савичевиќ, Хамшик и Сон. Голот кој го даде против Парма ме потсети на Пандев. Очекувам да експолодира на ЕП, вели Треневски кој играше за Македонија од 1997-ма до 2004-та“.

Горд на него е и неговиот менаџер Георге Гарди.

„Елмас играше од почеток и ја покажа својата вредност. Тој е играч од среден ред по странична позиција и одлично се снаоѓа на тоа место. Му се допаѓа позицијата која сега ја доби и се надеваме дека периодов ќе има поголем континуитет. Не е лесно да се истакнете ако играте само неколку минути. Елмас се наметнува како протагонист во вториот дел од сезоната. Може да биде алтернатива на Зјелински, но и на Фабијан“.

Освен Гарди, за адекватната странична позиција на Елмас во среден пишуваат и италијанските медиуми, а тоа е дека и тој, но и самиот тим се поопасни во формација 4-3-3.

Аreanapoli.it вели: Гатузо конечно сфати каде да го игра Елмас

Napolimagazine.com: Со 4-3-3 цинични и победнички. Гигантски слалом кој го измисли Македонецот.

А пак Индекс отиде со следниов наслов: 

За идниот лидер на македонската репрезентација пишува и угледната Република.

„Елмас повторно е кандидат за прв состав против Аталанта. Му помогна тактичката промена на Гатузо“.

Слаломот на Елмас

2 февруари 2021 - 11:45