Фудбал

Коментаторот на радио Раи 1 кога Италија стана шампион

И Италијанците имаат свој Тони, кој пука од емоции и не може да доседи на столче кога ќе го слушне последниот свиреж на судијата. Делуваше како да е на граница да заплаче. 

Одлично поентирање за Англичаните

Или поточно одлично поентирање за прецизноста на Англичаните, кои и четири дена после поразот во финалето на Вембли, глава не можат да кренат од тролање.

Видовте ли каков гол прими Тринидад и Тобаго?

Ај ова циркузов со топката која одеше по линија и нерви, него тој со клизачот што стори дали е свесен? Пацерскиот обид за гол на крај во асистенција му се претвори. Тринидад и Тобаго - Ел Салвадор конечни 0:2 со еден од најциркузантските голови на годината.

Мајорка, Леванте и Рајо добро се офајдија од Македонија на ЕП

Македонската фудбалска репрезентација дебитираше летово на Европското првенство кое се одигра во 12 земји, а од историското учество ќар имаа и три екипи од Шпанија.

Арсенал дај друго дете

Артур Оконокво е главна тема меѓу љубителите на Премиер лигата откако синоќа на првата пријателска средба на Арсенал на подготовките, направи голем кикс на мечот против шкотски Хибернијан. Топџиите изгубија 2-1 а 19-годишниот Оконкво ќе мора уште многу да пројде за да стане прв голман на екипата.

Бекам што ти требаше и на тебе

Ај на овие со тетоваживе толку им е акалот, ама и ти ли се палеше на таа англиска фраза која стана веќе досадна за слушање, па и малерозна за твоите.

Сите голови и асистенции на Меси на Копа Америка

Знае ли овој човек што е тоа пад на форма? Даде два гола од слободен удар, два од пенал, им прави лобови, дава топки со очи и на крај стигна до најпосакуваното што му фалеше во кариерата. Трофеј со Аргентина после 28 години за оваа фудбалска земја. Уживајте.

УЕФА ги објави најубавите топ 10 гола од Евро 2020

Инсиње, Погба, Лука Модриќ, Де Брујне, Шик, Дамсгард, Мората, Јармоленко, Кјеза, Кристијано Роналдо. Кој од кој поубав гол на Европското 2020 кое ќе се памти како едно од најјаките одиграни во историјата. За чиј гол гласате?

Завршниот мотивациски говор на Манчини пред финалето

Роберто Манчини ја препороди Италија и создаде фамилијарна и шампионска атмосфера во репрезентацијата која блесна на ова Европско и заслужено се искачи на кровот на Европа. Снимени се последните негови реченици кога ги пишува стартните 11 на Вембли.

Мурињо остана без зборови за време на ручекот на Рома

Специјалниот го сними амбиентот во неговиот нов клуб за време на клупскиот ручек и го објави на Инстаграм, а имаше што да се сними. Сите играчи станаа и на емотивен начин ја згрмија химната на Рома. Атмосфера која секој тренер би ја посакал.

Секој фудбалер и член на стручен штаб на Италија ќе добие врвни премии

Откако после цели 53 години по втор пат се качија на врвот на Европа, фудбалерите и целиот стручен штаб на Италија на својата фудбалска федерација но и за себе обезбедија прекрасни премии.

Триото кое ја однесе Пескара во Серија А, од второлигашки фудбал стигна до шампионска слава

Сите тројца ја почувствуваа жестината со која се водат битки да се стане прволигаш. Се искалија со мангуп тренер, направија одлични трансфери, станаа протагонисти и стигнаа до ниво да ги елиминираат Белгија, Шпанија и Англија.

Да ни каже Леонардо Бонучи нешто за пеналите

Карпестиот стопер со сигурност е еден од нај-најзаслужните што Италија после 53 години повторно го оствари сонот и стана европски шампион. А пред само неколку месеци зборуваше колку му било тешко после еден клучен промашен пенал.

Во ’92-ра Манчини и другарите изгубија големо финале на Вембли, сега таму станаа европски шампиони

Фудбалскиот и општо животниот пат на Роберто Манчини и неговите најдобри другари заслужува филм. Пред 29 години на најпознатиот светски фудбалски храм губат во финале. Сега на истото место плачат од радост за европско злато на Италија.

А ги видовте Аргентинците што славеа на -19?

Од жешката и летна атмосфера со европскиот првак во Италија, се селиме на Антартикот каде во аргентинската база се славеше титулата на Меси и другарите во Копа Америка.

Фешта со Европските прваци низ улиците во Рим

Славјето за европската титула број 2 на четирикратниот светски првак кулминираше во вечниот град, со парада на јунаците на Манчини во отворен шампионски автобус.

Архитектот на убавата Италија која игра допадлив фудбал како никогаш

Не беше лесно да се врати ентузијазмот на Италијанците после фијаското со Вентура и мачните карантински денови во кои беа врзани дома. Манчо успеа во тоа и покрај победите, го врати духот и ја обедини репрезентацијата која заслужено е на тронот на Европа.

Борецот кој 17 години крвареше за својата Италија и на крај стана европски шампион

Ако некој од сите стотици фудбалери кои играа на Европското првенство летово заслужи да му се израдува на големиот и скапоцен пехар, тоа со сигурност е и најхрабриот воин Џорџо Кјелини, столбот на Италија.

Избран најдобриот фудбалер на Европското

Има само 22 години а веќе може да се пофали со еден куп натпревари за славниот Милан и со злато на Европско првенство со Италија. Летово е пред богат трансфер во ПСЖ а круна на сите добри партии му е престижната награда - најдобар играч на цело Евро 2020.

Епска драма на Вембли, Италија европски шампион!

Во финале на лондонски „Вембли“ кој крцаше до последно место, Италија ја совлада Англија 3:2 на пенали по нерешените 1:1 во регуларен дел и продолженија и втор пат во историја станаа европски прваци.

Мајсторот од достава на пица прослави титула со домаќините

Проблемите со пандемијата отидоа во втор план во Аргентина. На улиците на Буенос Аирес и другите градови во земјата излегле илјадници луѓе за да го прослават шампионскиот трофеј на Копа Америка. Еден доставувач на пица случајно се затекнал пред крајот од мечот на адреса. Го примиле и славел со нив.

Химната на Италија на ЕП 1988

Малдини, Барези, Донадони, Анчелоти, Манчини, Виали...состав боли глава. Полуфинале против СССР кога Холандија со Ван Бастен стана европски првак. Други времиња се ова, со големи разлики. Химната грми со оркестар, ама фудбалерите се срамежливи, освен Валтер Ѕенга.