Чави направи сјајна атмосфера во соблекувалната

Барселона, уште од времето кога тој диригираше со играта не го декласирала Реал Мадрид како синоќа на „Сантиаго Бернабеу“. 0-4, а можеше да биде многу поубедливо. Чави Ернандез направи чудо со отпишаниот тим кого некои не го гледаа ни во Лига Европа од следната сезона. Имаат серија од 13 меча без пораз и растураат во Ла Лига и Лига Европа.

21 март 2022 - 09:38