Маркос Антонио е Бразилец. Денес има 38 години, а на времето играше во неколку европски екипи. Дали на превара или на којзнае што, овој централен бек, стопер, стигна дури и до Жил Висенте, Оксер, ПАОК, Рапид Букурешт.
Марко Балота и Џиџи Буфон како голмани некако ќе ги разбереме, па и дефанзивците меѓу кои се наоѓа по некој постар кој стои позади како командант. Ама напаѓач да не се дава на 40, па уште и во една од најтешките лиги за играње? Само Ибра.
Во дербито на колото во Франција, во 57-та минута ПСЖ остана со играч помалку против Марсеј откако Хакими доби црвен. 15 минути подоцна силите на терен беа израмнети, а најхит ќе беше Лео да му ја додаде и овој да даде гол.
Големото дерби на Италија заврши нерешено 1-1. Интер поведе со 1-0 преку Џеко по една одбиена топка од пречката по силниот шутот на Чаланоглу во 37’ минута. Во моментите кога нераѕурите беа на прагот од три златни бода, во 89’ минута судијата Маријани досуди пенал за Јуве кој го искористи Дибала и кој предизвика големи реакции во јавноста.
По најголемиот срам во клупската историја на Рома која Мурињо и фудбалерите им го приредија на тифозите минатиот четврток во Норвешка (6:1 пораз од Бодо Глимт), синоќа одиграа без голови на дербито со Наполи. Ама Жозе пак направи голем проблем, почна да шутира шишиња поради една судиска одлука и го исклучија.
Гронинген го совлада АЗ Алкмар со 2-0 во мини-дербито на холандската Ередивизија. Првиот гол на мечот, дело на Сирил Нгонг беше нешто феноменално, нешто што не се гледа често.
На Манчестер Јунајтед вчерашниот датум ќе му остави црна флека која не се брише, бидејќи не се памети ваков потоп да имале на домашен терен и тоа забележан во едно од најголемите англиски ривалства. На толку многу имиња во тимот, на Оле пак не му оди и изгледа дека е во очајна ситуација.
100% промашени шанси еден на еден со голман има многу. Сме виделе и еден куп неверојатни зицери на празен гол. Ама ова што го направи напаѓачот на Легија Варшава е новитет кој отвора нови димензии за несмасно реагирање пред гол. Па човеков „измисли нов челинџ“.
Либан носи фудбалска сцена која подобро да ја избришеа, бидејќи ова што го пренесуваат не е фудбал. Будалетинкава кој е излезен од шеснаесетник и не знае кај тера се вика Муад Елафи и брани за Триполи. Старт за робија.
Роналд Куман е пред голем притисок од јавноста во Барселона, а незадоволството уште повеќе порасна по поразот во Ел Класико. Освои само 15 бода од можни 27 со кои е на 9. место. Навивачите го чекаа и предизвикаа хаос на излезот на Камп Ноу, а клубот најави дисциплински мерки.
„Calciatori brutti“ е една од најпознатите италијански страници за фудбал која од поинаков аспект ги третира вестите и знае да внесе многу хумор. Овој пат ги потсети навивачите на Рома дека 21 октомври не е познат само по гостувањето во Норвешка, туку и по уште еден срамен резултат и тоа на домашен терен.
На последниот првенствен натпревар на Лацио против Интер, на дресовите на бјанкочелестите пишуваше „Binance“. Не е тоа компанија за производство на домати како што им беше едно време „Cirio“, туку спонзор кој ги внесува во новиот дигитален свет и во поблиска врска со навивачите.
Македонската женска фудбалска репрезентација ја совлада Летонија на гости со 1:4 со што стигна до првата победа во квалификаците за СП. На нашата најдобра фудбалерка, потегов ала Шаќири не и е ниту прв пат, ниту втор, туку трет пат. Два гола од корнер има постигнато и во дресот на Барселона. Царица.
Норвешкиот фудбал е дефинитивно во мода. Ерлинг Халанд веќе пар сезони е апсолутна ѕвезда во европскиот фудбал, растура во Бундеслига во дресот на Борусија Дортмунд со која игра и во Лига на шампиони. Ама јавноста сега се врти кон еден негов добар другар кој игра во Норвешка.
Езџан Алиоски држи добра форма во Саудиска Арабија, а тоа радува пред ноемвриските мундијалски квалификации на Македонија. Има 2 гола и 2 асистенции за Ал Ахли, кој славеше против Ал Тае на гости со 1:2. Слалом, финта и асистенција, типично во негов стил.
Кај нас познат како Бодо Глимт, во Норвешка го викаат Буда Глимт, а низ Европа Буде Глимт. Било како било, овој клуб сензационално ја згроми Рома на Мурињо 6:1, резултат кој одекна како експлозија во Европа. Да го запознеме одблизу.
Од кого изгуби Рома 6:1, од Бодо Илгнер? Не не, Бодо Глимт се вика тимот, од Норвешка се. Бодо Илгнер беше голман, германска легенда која бранеше и за Реал.
Во Е групата од Лига Европа од 21 часот се сретнаа Локомотив Москва и Галатасарај. За гостите беа најавени скроз други играчи, сите познати, ама ниту еден член на турскиот тим.
Наполитанците долго време кружеа и се мачеа да го скршат отпорот на Легија Варшава во ЛЕ и за тоа им беа потребни 75 минути. Дај му ја на Инсиње и имаш делириум на трибините. Дефинитивно еден од најдобрите италијански фудбалери во моментов. Оди смести ја вака на прва да те видам.
Со проширено Европско првенство, кое првпат во историјата се играше во 11 различни земји, со воведување на нов турнир Европа Лига на Конференции, УЕФА само го згуснува календарот на натпревари и воопшто не размислува на влијанието врз климатските промени.