Снимкава е стара едно 12 години и јаче од мечот Јувентус - Лацио. Ама кога ќе ти влета рандом, особено од вакви јунаци од тазе завршеното Европско, не можеш да ја игнорираш. Некако жал ни падна за Џорџо, се исчаши цел кутриот.
Само 4 минути му беа потребни на Елиф Елмас со погодок да стартува на подготвителните средби за новата сезона. Новиот тренер Лучано Спалети му даде шанса во прв тим, а македонскиот репрезентативец тоа го искористи против нисколигашот Баса Ауниа.
Фејсбук страната која се занимава со историјатот на југословенскиот фудбал, знае да освежи со стари и историски снимки меѓу кои има и по некои подзаборевени. Само три месеци после Мундијалот во 1990, Панчев покажал дека треба да добива поголема минутажа во Италија.
Понекогаш и не е лесно да си Лионел Меси. По долгата и макотрпна сезона која по клупските му продолжи со репрезентативни обврски и ја освои Копа Америка, Меси замина на одмор. Велат дека вечерал на раат со семејството, ама кога стана да си оди налет јадењето.
Каталонците треба и официјално деновиве да стават крај на сагата со Меси околу неговото останување. Клубот скоро сигурно ќе ја соопшти веста следната недела, откако адвокатите ги разгледале условите на зделката, пишува Марка.
Првиот човек на Кралевите деновиве е мета на голем скандал во Шпанија кој се открива во делови. Се појавија телефонски разговори во кој удира силно по славни имиња кои ги донесоа трофеите во клубот и тоа пазете против Раул, Касиљас, Фиго, Кристијано Роналдо, Дел Боске, Мурињо...
Јужноамериканците имаат посебен однос и страст за фудбалот, посебно кога се бие битка за трофеј во натпреварување како Копа Америка. Па уште Бразил и Аргентина во финале, која инаку три децении ја биеше малер за трофеј.
Еден од најстарите навивачи на Меси се вика Дон Ернан, има 100 години, нема контакт со технологијата, ама има своја книжна Википедија во која бележи посебна статистика за еден од најголемите фудбалери.
И Италијанците имаат свој Тони, кој пука од емоции и не може да доседи на столче кога ќе го слушне последниот свиреж на судијата. Делуваше како да е на граница да заплаче.
Или поточно одлично поентирање за прецизноста на Англичаните, кои и четири дена после поразот во финалето на Вембли, глава не можат да кренат од тролање.
Ај ова циркузов со топката која одеше по линија и нерви, него тој со клизачот што стори дали е свесен? Пацерскиот обид за гол на крај во асистенција му се претвори. Тринидад и Тобаго - Ел Салвадор конечни 0:2 со еден од најциркузантските голови на годината.
Македонската фудбалска репрезентација дебитираше летово на Европското првенство кое се одигра во 12 земји, а од историското учество ќар имаа и три екипи од Шпанија.
Артур Оконокво е главна тема меѓу љубителите на Премиер лигата откако синоќа на првата пријателска средба на Арсенал на подготовките, направи голем кикс на мечот против шкотски Хибернијан. Топџиите изгубија 2-1 а 19-годишниот Оконкво ќе мора уште многу да пројде за да стане прв голман на екипата.
Знае ли овој човек што е тоа пад на форма? Даде два гола од слободен удар, два од пенал, им прави лобови, дава топки со очи и на крај стигна до најпосакуваното што му фалеше во кариерата. Трофеј со Аргентина после 28 години за оваа фудбалска земја. Уживајте.
Инсиње, Погба, Лука Модриќ, Де Брујне, Шик, Дамсгард, Мората, Јармоленко, Кјеза, Кристијано Роналдо. Кој од кој поубав гол на Европското 2020 кое ќе се памти како едно од најјаките одиграни во историјата. За чиј гол гласате?
Роберто Манчини ја препороди Италија и создаде фамилијарна и шампионска атмосфера во репрезентацијата која блесна на ова Европско и заслужено се искачи на кровот на Европа. Снимени се последните негови реченици кога ги пишува стартните 11 на Вембли.
Специјалниот го сними амбиентот во неговиот нов клуб за време на клупскиот ручек и го објави на Инстаграм, а имаше што да се сними. Сите играчи станаа и на емотивен начин ја згрмија химната на Рома. Атмосфера која секој тренер би ја посакал.
Откако после цели 53 години по втор пат се качија на врвот на Европа, фудбалерите и целиот стручен штаб на Италија на својата фудбалска федерација но и за себе обезбедија прекрасни премии.
Сите тројца ја почувствуваа жестината со која се водат битки да се стане прволигаш. Се искалија со мангуп тренер, направија одлични трансфери, станаа протагонисти и стигнаа до ниво да ги елиминираат Белгија, Шпанија и Англија.