По големата прослава на теренот на „Пољуд“ каде им беше врачен пехарот, славеничката еуфорија се префрлила на сплитските улици. Кулминацијата била на познатата Рива, каде дошле илјадници навивачи да ги поздрават играчите на Хајдук.
Фудбалерите излегувале на бина на која ги повикувале спикерите а присутните навивачи со овации ги поздравувале јунаците кои им ја донесоа толку чеканата радост.
Некој со право поставува прашање а како ќе биде кога ќе освојат титула која што скоро и да заборавија како изгледа. Последен пат Хајдук беше шампион во сезоната 2004/2005.
Интересно Ријека за која од почеток играше македонскиот репрезентативец Дарко Велковски, прва поведе во 14’ минута. Тогаш околу 3-4.000 гостински навивачи бурно го прославија погодокот на Јосип Дрмиќ за водство.
Но Хајдук брзо се врати во игра и со погодоци во 24’, 36’ и 56’ направи тотален пресврт.