Порто има два трофеи во ЛШ, вториот со Мурињо во 2004-та, а првиот на денешен ден пред точно 35 години под водство на хрватскиот стратег Томислав Ивиќ. Го добија Баерн Минхен во Виена со 2:1 и тоа со екстра брз пресврт, дело на Алжирецот Раба Маџер 79` и Бразилецот Жуари 81`. Ваквите голови во финале како петицата на Маџер се реткост.