Од лево на десно горе стојат: Марко Асенсио, Тибо Куртоа, Дани Карвахал. Од лево на десно доле стојат Родриго, Еден Милитао, Федерико Валверде. Жените де нивни, кои допатуваа во Париз за да го разубават дербито ПСЖ - Реал Мадрид. Прекрасна гостинска публика.
Ако сè уште не сте забележале, сега на следниот меч на симпатичниот премиерлигаш Сауемптон би можеле да приметите како смислиле интересен начин да одморат и практично да добијат совет плус од тренерите и лекарите. Но не секогаш им оди во прилог. Напротив.
Во Австрија синоќа во Лига на шампиони не беше ништо помалку интересно отколку на големиот меч во Милано меѓу Интер и Ливерпул. Салцбург повеќе од 70 минути водеше против Баерн но на самиот крај Кингсли Коман израмни и ги постави конечните 1:1.
Барди и другарите синоќа остварија сензационална победа на гости против Атлетико, само втора сезонава и се на дното на табелата. Мечот го одбележаа неколку драми, посебно две во 96-та и 97-ма минута кои за малку не го сменија резултатот.
Атлетико Мадрид повторно ги разочара своите навивачи откако вечерва изгуби дома од убедливо најслабиот и последнопласиран тим во Ла Лига, Леванте. Гостите победија 0-1 со гол на Мелеро во 54'. Енис Барди играше нешто повеќе од еден час, а неговиот соиграч Микаел Малса распали еден невозможен шут од пола терен кој заврши во пречката.
Фудбалерите на Интер после цели десет години играат во нокаут фазата, а таму налетаа на силниот Ливерпул кој рутински славеше со 0:2 во самиот финиш. Во Австрија, ослабениот Баерн Минхен едвај се спаси со Салцбург.
Откако стана европски првак со Италија како лидер на селекцијата која на „Вембли“ на пенали ја урна Англија, Марко Верати тргна по нов трофеј, овојпат со ПСЖ во Лига на шампиони. Против Реал Мадрид во триумфот 1:0 на првиот меч во Париз беше иницијатор на сите акции на домашните. И разбивач на обидите на ривалот.
На меч од аматерската А1 лига на Грција, четврта во фудбалската пирамида, меѓу Аетос Василикон и Павлос Мелас, локални клубови од Солун, 37-годишниот голман Григорис Атаниасиу ги постигна сите три гола во триумфот на Павлос Мелас кој се квалификувал во баражот за пласман во трета лига.
Баерн Минхен почнал да доминира во Германија на крајот од 1960-те години. Малку е познато дека првиот трофеј клубот го освоил уште во далечната 1932 годиа, но не можеле да го развијат тој успех зошто после неколку месеци на власт дошол Хитлер и клубот радикално бил сменет.
Дел од резултатите на Манчестер Сити оваа сезона се: 5:0 Норич, 5:0 Арсенал, 1:5 Клуб Бриж на гости па 4:1 дома, 6:1 Викомб, 6:3 Лајпциг, 7:0 Лидс, 0:4 Њукасл, 6:3 Лестер, 1:4 Свиндон, 4:1 Фулам, 0:4 Норич и синоќа 0:5 Спортинг. Доволно е?
Додека Лионел Меси се држеше за глава по пеналот кој му го одбрани Тибо Куртоа на дербито ПСЖ - Реал Мадрид, во Манчестер Кристијано Роналдо по соло продор постигна убав гол и го скрши отпорот на тврдиот Брајтон во Премиер лигата.
Во италијанската Серија Ц, Фоџа го згроми Палермо со 4-1. Гостите од Сицилија стигнаа до израмнување во 24’ минута на 1-1 откако домашниот голман Џакомо Волпе се жалеше на повреда, но Матео Брунори многу многу не му ја мислеше и ја збрца во мрежа.
Екипата на Тузласпор со 0-1 ја совлада Бурсаспор во турската втора лига. Гостите до три бода дојдоа со гол на Френсис Езе во 88’ минута. Ако ова чудо може да се нарече гол. Како да е нешто повеќе од тоа.
По киксовите против Барнли и Саутемптон со кој одигра 1:1, Манчестер Јунајтед славеше против Брајтон и изби четврти на табела. Во напад работата ја заврши португалското дуо Роналдо - Фернандеш, а на гол извонредниот Давид Де Хеа кој во 39-та минута се фрли како мачка и спаси чист гол.
Додека Сити газеше во Лисабон, а Парижаните славеа победа над Реал во судиско, во Премиер лигата се играше еден натпревар. Манчестер Јунајтед победи по пауза од три меча, а Кристијано Роналдо даде гол после шест натпревари. Ова му е сефте во 2022-ра, дрско против цела одбрана на Брајтон. Во 97-ма за 2:0 погоди Бруно Фернандеш.
Скромно осминафинале во Париз ако се суди резултатот според статистиката. ПСЖ го надигра Реал со вкупно 22:3 шутеви или 8:0 во рамки на гол, а победи само 1:0 дури во судиско. Куртоа го прочита Меси од белата точка. Тука патникот во топ 8 ќе се решава во Мадрид.
Манчестер Сити стана прв клуб во историјата на ЛШ кој успеал во нокаут фаза да води со 4 гола разлика на полувреме. 0:5 славеа на крај, резултат по кој Спортинг нема што да бара на Етихад. За репитиција се головите на Рахим Стерлинг и Бернардо Силва.
Несекојдневна и специфична ситуација во белгискиот фудбал. Прво судијата досуди прекршок, што не е грешка, а потоа реагираше емотивно бидејќи можел да досуди предност. Точно е дека прекина гол шанса, ама момент беше во прашање.
Европските гиганти до сега имале шест пресметки во ЛШ, од кои четири во групна фаза и две во топ 16. Кралевите се подобри со 3 победи, 2 нерешени и 1 пораз.
Додека Бекам, Роналдо, Де Хеа, Суарез, Мегваер, Де Брујне и многу други објавуваа фотографии од романтични вечери со своите поубави половини, Ибрахимовиќ тренираше како да е Суден ден. Најдолу е видеото од ѕверот.
Немаше бек, стопер, фудбалер од среден ред кој на меч против него макар еднаш не беше седнат на земја по дриблинзите на неверојатниот Рони. Играше во најголемите клубови во Европа и секаде ден-денес еднакво е сакан и почитуван.
И тоа пазете изгуглавме да провериме и ова да ти било прва, а не петта лига. Нубленсе и Унион Ла Калера се викаат екипите. Ќе ја дупнеа топката за малце. Резултатот нормално, 0:0 на крај.
Две години изолации, карантини, пандемии, сојеви, не се гледај со овој, не оди на стадион. Ќе ти ибам животот, сега ќе видите вие како ќе си играм на стадион.