Како Модриќ кажа каде ќе шутира негов колега од репрезентација

Реал Мадрид со 5-1 лесно го растури Селтик во последното коло од Лига на шампиони. Овој меч ќе се памети по тоа што го судеше жена-судијка, Французинката Стефани Фрапар која во првите 30 минути досуди три пенали. Два за Реал, еден за Селтик. Гостинскиот фудбалер, хрватскиот репрезентативец Јосип Јурановиќ промаши, односо Тибо Куртоа му одбрани по сугестија од Модриќ.

Јосип Јурановиќ е десен бек и соиграч на Модриќ од репрезентацијата. Ова беше 5-ти одбранет пенал на Куртоа од последните 10 кои му ги шутирале.

4 ноември 2022 - 13:41