Првата жена судијка во Лига на шампиони досуди 3 пенали за половина час

Реал Мадрид уверливо со 5:1 го растури шкотски Селтик и како лидер во групата оди во следна фаза на Лига на шампиони. Интересно, на овој меч во Мадрид имаше дури три досудени пенали за половина час.

Во првиот дел од мечот Реал Мадрид - Селтик, кој го судеше Французинката Стефани Фрапар која веќе неколку години високо котира како судија во ФИФА и УЕФА, беа свирнати три пенали.

Уште после само четири минути и девет секунди Реал Мадрид доби пенал и тоа е најбрзиот казнен удар во клупската историја на „кралевите“.

Пеналот го реализираше 37-годишниот Лука Модриќ.

Во 20' минута судијката Фрапар досуди уште еден единаестерец и повторно поради игра со рака, но овојпат по прегледан ВАР.

Родриго зголеми на 2:0.

А во 34' минута шанса да шутираат пенал добија и гостите. Фрапар не размислуваше многу по фаулот на Ферлан Менди во сопствениот шеснаесетник, но пеналот за Селтик Тибо Куртоа му го одбрани на Хрватот Јосип Јурановиќ.

Во вториот дел Реал рутински постигна уште три гола по сјајни акции: Марко Асенсио, Винисиус Жуниор и Феде Валверде ја наполнија мрежата на Селтик за кого почесен гол постигна Жота Невеш. Конечни 5:1.

Во другиот натпревар од оваа група, Шахтјор кој пред неколку кола го совлада РБ Лајцпиг на гости со 1-4, изгуби од австрискиот тим 0-4 после што Украинците одат во Лига Европа а Лајпциг оди во 1/8 финале на ЛШ.

ФРАПАР Е СИМБОЛ НА ЖЕНИТЕ ВО ФУДБАЛОТ, ЌЕ СВИРИ И НА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2022

Првпат во историјата еден меч на Реал Мадрид судеше женски судија. Во пролетта 2019-та Фрапар почна да арбитрира во француската Лига 1 откако претходно одлично делела правда на 80 меча во Лига 2.

Стефани има 38 години и искуството од Лига на шампиони ќе и биде одлична подготовка за она што ја очекува за неколку недели: Мундијалот во Катар.

2 ноември 2022 - 22:17