Абердин го совлада Хиберниан со 4:1 и со тоа му ја зема третата позиција на табела и сега има 22 бода. Пред нив се Ренџерс со 29 и Селтик со 33.
23 годишниот Миовски ги постигна првите два гола на мечот во 45 и 53 минута за предност од 2:0. Првиот од пенал, вториот со глава.
Нашиот репрезентативец стигна до двоцифрен број на голови, вкупно 10 во првенство и еден во Куп. Пред него е само Хрватот Чолак од Ренџерс со еден погодок повеќе.
Миовски играше до 89-та минута и со заслужени аплаузи беше испратен од навивачите, а за играч на мечот беше прогласен неговиот соиграч Лејтон Кларксон кој постигна атрактивен гол со пета.
Во следното коло на 8 ноември Абердин ќе му гостува на шестопласираниот Ливингстон.
Belter of a header from Miovski #ABEHIB #coyr pic.twitter.com/XQhDdJq1rN
— Neil Roberts 🏴 🇺🇦 (@ferryhiller) November 4, 2022
Aberdeen’s Leighton Clarkson scoring a back heel goal this evening pic.twitter.com/H6g6nzbvOg
— Scottish Football Away Days (@days_scottish) November 4, 2022
🇲🇰9⃣ COYR!#StandFree | #cinchPrem pic.twitter.com/MzT1A4vsA6
— Aberdeen FC (@AberdeenFC) November 4, 2022